Порака од Еден Македонец до Скопјани

Порака од Еден Македонец до Скопјани

Скопјани, ако сте воопшто Скопјани, гледате ли дека на Водно ви се гради Вавилонска кула, поголема од Крстот? Така ли ќе стигнете до височините небесни? Со материјалните нешта не можеме да стигнеме до Бога, туку само со духовни. Градењето на новата Вавилонска кула на Водно претставува пропаст на човечкиот род. Материјалното не може да ви ги исчисти гревовите и со пари нема како да стигнете до духовното спознание и вистинската човечка слобода. Градењето на објект повисок од тој крст горе, јасно кажува која е намерата и со каква цел се случува тоа. Па, ако сте воопшто Скопјани, и сега ли ќе премолчите или ќе го заштитите Скопје?

Еден Македонец

Leave a Reply