Monday, 25 September 2017

Ајдукот Бошко и неговото братство (од Имагинариум – книга втора)

Ајдукот Бошко и неговото братство

Во книгата „Павлешенци“ од Драган Стојчевски, издадена во 1986 година, читаме:

Од памтивек во Павлешенци живееле Македонци. Првиот писмен документ во кој се спомнува селото датира од 16 век. Во турските тапу дефтери тогаш е запишано селото Павлешенци со 42 македонски семејства…

(За споредба, Куманово во истиот тапу дефтер е запишано како село со 30 македонски и 24 муслимански семејства. Свети Никола (Исви Никола) со неколку стотини македонски семејства)

Одамна од Павлешенци се иселил некој хајдук Бошко во село Џидимирци, оформил семејство и денес има 7 куќи, т.н. Павлешенско братство, денес 5-то колено.

Во книгата „Ѓуришкото поднебје“ од Блаже Давчевски, издадена во 1986 година, читаме:

Денешното џидимирско население е доселено од Овчеполската котлина, поради големите зулуми што врз нив ги вршеле Турците. Селото е населено од неколку родови. Родот Павлешенци е доселен прв во селото и се смета како најстар род. Родот се доселил од Овчеполското село Павлешенци. Првиот доселеник се викал Ајдук Бошко. Преданието за него зборува дека тој бил ајдутин и вршел напади во селата и тоа главно врз богатите…

Никола Ристевски

од Имагинариум – книга втора