Monday, 26 June 2017

Македонија не е нивна – наша си е!

Здраво живо, Македонки и Македонци! Да ни е жива и здрава Македонија. Ќе си седиме ли на страна и ќе фаќаме сеир, па после друг ќе ни е крив, или ќе ги превземеме нештата во свои раце? Свои раце, истите со кои си го заработуваме лебот, тогаш кога можеме во оваа демонкратија, со свои раце да ги зачуваме лабавите темели на Републиката. Но, не преку насилство! 17тата година од 21от век, според тоа што „ние“ го сметаме за време, е совршен период за да покажеме дека Македонија си е на Македонците. Не на службите, странските агенти, „повисоките од надвор“, „пријателите од надвор“, политичките партии, нивните „сестрински“ партии од странство, новомакедонски старобогаташи, старомакедонски новобогаташи, олигарсите, демонкратите, робовладетелите, продадените души, рептилите без крилја, душмани, злонамерници, „големи европјани“, разно разни експерти, стручни лица и големи душегрижници за НАШАТА МАКЕДОНИЈА, не е нивна, наша си е – на Македонците! Со свои раце, со чесна работа и многу труд ќе си ја спасиме Македонија. Затоа, прво да се заштитиме од ова дереџе до кое не донесоа политичарите, па да си направиме простор за уште многу работа за Македонија, честа, достоинството и мирот на Македонскиот народ!

Demian of Makedon

Како што умирачките и деновите за помен не се единствените денови кога можеме да одиме на гробишта, како што Велигден и неколку други празници не се единствените денови кога можеме да одиме во црква, како што осми март не е единствениот ден кога можеме да ги љубиме жените, како што нè тераат да станеме нелуѓе, зар не умееме да покажеме дека сме луѓе, во вистинска смисла на зборот? Па така, овие собири „За Заедничка Македонија“ не се единствениот начин да се покаже дека се љуби татковината, но беа иницирани од човек на кому веруваме, подигнаа убава енергија, повикаа дека се добдодојдени сите кои сакаат да ги скинат членските книшки, буквално од било која партија и се погодија во време кога чукна часот за да се обзнани Македонската вистина. Пролетта која надоаѓа е прекрасно време за Македонците да покажат дека се над сите горенаведени структури, дека сме поголеми од сите закани кон нашата безбедност, дека сме поголеми од сите неграмотни опортунисти кои го кочат напредокот во скоро секој град и село, дека сме поголеми од стравот од убавината, дека можеме и умееме да живееме мирно и достоинствено на сопственото парче земја. Да покажеме дека сме заслужиле да се нарекуваме Македонци.

Излезете! Излезете на улиците и покажете им на сите, буквално на сите, дека Македонија си е на Македонците. Да се заштитиме од црната чума која надојде, за да можеме наскоро и да ја исчистиме државата од сите свесни и несвесни слуги на туѓи агенди, од сите демонкрати скриени под знамето на Македонија, од сите корумпирани слуги, од внатрешниот црв кој нè јаде од 1991 до сега. Каде се државните институции да повикаат на мир, разум и трпение? Каде се големите лидери да излезат меѓу народот и да кажат доста е, Македонија е на Македонците – време е да се врати честа и достоинството на Македонскиот народ, КАДЕ СЕ? Зар не може Претседателот јавно да каже дека сите аболицирани треба под итно да се повлечат од политичките позиции кои ги завземаат? Зар не е време кога Македонците конечно ќе покажат и докажат дека веќе вака не може – дека ова е пролетта во која ќе се ослободиме од старата курва – политиката? Зошто да величаме курва, кога имаме толкава Света и Божествена Македонија, зошто? Гледаме дека не им е гајле за нас, јасно е дека народот за нив е само бројка, затоа и ГИ НЕМА. Станете и излезете, да се ослободиме. Да ни е жива и здрава Република Македонија!

Ѕвездата од Кутлеш

Дамјан Овчеполски

некаде длабоко во поробена Македонија

март 2017

ЛОЗА