Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876
Македонија на Македонците и точка. | ЛОЗА
Tuesday, 21 November 2017

Warning: mysqli_query(): (HY000/1030): Got error 28 from storage engine in /home/loza/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1876

Македонија на Македонците и точка.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

од Небесниот комитет на подземна Македонија

„Туку, сакаме да кажеме, кога некое нимно копиле ке земе некоа надуена поза и ке не праша: Ами каму ви цареви и кралеви и тапија за земјата Македонска? – да му речеме: еве ни го дедо Богомил! Вашите цареви и кралеви владееја над нашата земја со крв и гнасотии, и вашата тапија над земјата Македонска е и така крвава и гнасна. Но колку е светла и силна царштината на деда Богомил, на Македонските богомили! Колку е по силна и по висока мислата на деда Богомил, от славата и споменот на сичките ваши кралеви и царја, и на сичките гнетачи и јадачи народни, от памтивека па до сега! Ние, Македонциве, по патот на деда Богомил, по мислата на неговата вечна борба, по трагот на неговата силна вера – ке си ја дочекаме и нашата зора!“

Кочо Рацин

Ѕвездата од Кутлеш

Македонија на Македонците! Сите кои ја љубат оваа земја го чувствуваат истото, тоа е нашата црвено – бела линија, и од таа позиција ќе ја пречекаме пролетта и древната Ксантика. Нашето знаме е симболот од Кутлеш, жолт на црвена позадина, кој претставува две сонца и повторно, второ раѓање.

Македонското прашање ги инспирирало револуционерните умови, истражувачите и авантуристите да ја посетуваат древната Македонска земја. Во минатото овде присуствувале секакви научници, но и многу агенти и злонамерници. Ситуацијата не е нешто поразлична и денес, во овој нов милениум. За разлика од денешните авторитети, експерти, аналитичари, научници и прочие, тогашните објавувале трудови, дисертации, книги со нивните гледишта за Македонија и нашата борба за слобода. Денешните, освен некои ретки исклучоци, немаат вредност која би им овозможила на идните генерации да ги земат како појдовна точка за истражување. Успеав да добијам достап до руска и англиска библиотека со значајни наслови за Македонија од претходните два века, а чекам пристап и до архиви со руски, англиски, американски и весници од други земји во кои се известувало за злобата на пропагандите и македонскиот непокор. Во книгите кои се нови во мојата библиотека пронајдов сведоштва не само за општествената, политичката и економската ситуација на нашите предци од пред неколку генерации, туку и значајни записи за нашата култура, мит и бит. Во догледно време истите ќе почнат да се објавуваат на страницата ЛОЗА. Сведочиме дека некои денешни „истакнати“ демонкрати се почесто се дрзнуваат да користат думи, зборови, слогани, пароли од минатото, без ни малку срам, без никаква почит кон КРВТА КОЈА ПАДНАЛА ЗА МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

The-Macedonian-Genius-Through-the-Centuries_0008

Едно писмо од крајот на 19 век пророчки ја најавува слободна Македонија, Македонија на македонскиот народ, кој иако мал по број е голем по дух и го има светото право да се обедини за да си ја заштити родната грутка македонска, има право на сет глас да извика – Македонија на Македонците! Освен споменувања и цитирања на истото, не успеав да најдам македонски осврт и напис за хронологијата на употребата на слоганот „Македонија на Македонците“. За среќа, Дедо Варадин ми остави доволно податоци за да успеам да ги подредам досегашните објавени информации, па така забележав дека во странските книги и весници истото се повторува од крајот на 19 век до интервјуата со Тодор Александров…а се понатаму е распад и раздор, па во книгите кои ги чуваме од периодот по тоа, а во кои се споменува писмото на Гладстон и прашањето – „А зошто не би била Македонија на Македонците?“ се дури од пред нешто помалку од половина век. Навистина, зошто да не е Македонија на Македонците? Дали се искрени гласноговорниците на двата столба на лагата и портпаролите на старата курва политика? Плодовите на ЛОЗА се заштита од болеста на старата курва! Колку ли своевремени „добронамерници“ за Македонија и македонската борба се обиделе да го употребат изразот „Македонија на Македонците“ во полза на нивните газди, ехеее. Еее Македонијо, древна Македонијо, до кога ќе ги трпиш продадените души и криминалците кои се кријат позади Твоето Свето Име? Станете, Македонци! Кога огромниот број сиромашни ќе го побараат своето од малиот број на богати, тогаш можеме да почнеме да зборуваме за еднаквост и рамноправност, па да решиме како ќе ги зацврстуваме лабавите столбови на Републиката. Дали ќе продолжиме кон амбисот кон кој не тераат егрегорите, или ќе ги поставиме меритократијата и самоиздржливоста како Боаз и Јахин на нашиот храм.

Нациите и националностите се вештачки создадени кога се создадени и „модерните“ држави. Постои нешто што го одржува човечкиот род во живот, а тоа е природното право да опстои на родната грутка. Затоа и нашиот народ сеуште памети, „памте ко слон“. Токму затоа само преку езотеричниот код во македонскиот јазик можат да се прочитаат не само сите словенски јазици, туку и најстарите индиски записи, на пример. Ова што го имаме како држава, оваа Република Македонија заслужува да биде почитувани од СИТЕ кои живеат во неа, буквално од сите, без разлика кој како мисли дека треба да се ословува, штом живее тука – е Македонец / Македонска, се Македонци и точка.

Древен е овој народ, а тие кои го продадоа и предадоа, уште го лажат и сакаат да му ја купат и душата. Народот, со ген постар од памтењето на човечкиот род, сеуште си се пребројува со „колку души“, наместо „колку луѓе“. И сеуште, на сет глас вика – МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! Па дури и Големиот Александар, Аватар на Светлината, тргнал кон исток не за да војува, туку за да го обзнани небесното царство на земјата – Македонија. Џабе се обидуваат да не лажат за војни и убиства, кога не можат ни да се обидат да објаснат како така изградил толку градови, направил толку многу научни истражувања, создал огромни библиотеки и го обединил тогашниот свет. Македонија е таму каде што ги има четирите годишни времиња. Џабе не лажат дека сме мали а газдите на лажговците биле нешто многу големи. Крвта на нашите предци е богатството на нашата генерација, генот кој го носиме е светлината која ќе ја обзнани вистината пред целиот свет. Се сеќавате ли на текстот од крајот на минатиот век, напишан од почитуваниот Анте Поповски, насловен – „Меѓу телесната смртност и духовната бесмртност“? Македонија е небесното царство на земјата. И никој нема право да го оспори крикот на сет глас за слобода на Македонците, крик кој уште во древноста за време на празнувањето на Ксантика не бил разбран од тогашниот „цивилизиран“ свет. Нешто слично како и денес, ѕе.

Дамјан Овчеполски

Млада Македонска Книжовна Дружина

ЛОЗА 2017

Писмото на Гладстон / Letter of Gladstone

Macedonia for the Macedonians!

19th January 1897
Hawarden Castle, Chester

Dear Sir,

The hopelessness of the Turkish Government would make me witness with delight its being swept out the countries which it tortures: but without knowledge of resources available to support the revolt. I dare not take the responsibility of encouraging it in any form or degree. Next to the Ottoman Government nothing can be more deplorable and blameworthy than jealousies between Greek and Slav, and plans by the States already existing for appropriating other territory. Why not Macedonia for the Macedonians, as well as Bulgaria for Bulgarians and Servia for Servians? And if they are all small and weak, let them bind themselves together for defense, so that they may not be devoured by others, either great and small, which would probably be the effect of their quarrelling among themselves.

Your very faithful
W. E. Gladstone

The Times (London), 6th January 1897, p. 12.
The letter is addressed to the President of the Byron Society.
The letter was reprinted in the Daily News (London) on 15th August 1903.

Flag-map_of_Macedonia_-_old

Не толкувањата и појаснувањата, туку решителноста и одговорноста на една нација се одговор на националните трагедии.

Анте Поповски

ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ, МАКЕДОНЦИ!