Sunday, 22 October 2017

Поздрав од Младата Македонска Книжовна Дружина

Здраво живо, почитувани читатели. Ви благодариме за вниманието. Доколку обрнеме внимание на гласноговорниците од двата столба на лагата, веднаш ќе забележиме дека позади нивното делување има окултна позадина и симболика, која се обзнанува преку нивниот начин на говор и движењата кои ги прават за време на јавните настапи. Сведочиме дека многумина од нив се обучени да го прават „тоа“ на начин кој што ќе е во полза на нивните газди. Па затоа, очекувајте како и до сега – да се обидуваат да ви ги уништат чувствата и мислите преку борбата за нашите души. Оти, уште тоа им остана за купување! Повикувајќи се на Господ, Устав, Систем, всушност ве лажат толку добро, што годините си поминаа, тие си се збогатија а народот си страда. Веќе 26 години…и трае, добра копија на старата Римска тактика. Затоа и Рим е обратно од МИР!

Па затоа, прават митинзи. Прават промоции. Употребуваат боја на глас и движења за кои ги „учеле“ дека демек влијаат на народот. Влијаат, ама на нивните поданици, ооо самопрогласени, минливи и менливи заштитници на старата болна курва политика! Не на нас. Истите користат туѓи зборови за да се претстават како „многу учени“, „големи експерти“ и „богоизбрани“ – дека се поголеми луѓе од сите нас! А народ мисли дека ги избрал за да се први меѓу еднаквите.

Наскоро очекувајте настан на кој ќе се претстави и прикаже нашата долгогодишна работа на Светото Дело. Нема да е промоција, туку настан со прикажување и претставување на вложениот труд на полето за културен натпревар. Прекрасна можност за да се собереме не на митинг, туку на народен собор во Овче Поле! Од народ за народ. За да се заштитиме од изродите и да му овозможиме на нашиот народ да има пород, а со тоа да го зачуваме и Македонскиот род. Посветено на МАКЕДОНИЈА. Слобода или смрт.

 

Млада Македонска Книжовна Дружина

28 март 2017

Некаде длабоко во поробена Македонија

ЛОЗА www.loza.mk

Ѕвездата од Кутлеш