Tuesday, 21 November 2017

ЛОЗА: со закон да се заштитат Македонските бранители!

Почитувани, следејќи ја политичката криза во државата, проценивме дека е дојдено времето кога јавно треба да го изнесеме нашиот предлог. Се надеваме дека ќе бидеме разбрани од Вас, почитувани Македонци!

Ѕвездата од Кутлеш

16та година по војната во почетокот на овој милениум. 16 години променета Македонија. 16 години семејства во црнило. За кого? За Македонија!

Република Македонија под итно треба да ги заштити бранителите од 2001 година и нивните семејства.

  • Редовна парична помош, бесплатно здравство, бесплатно образование и можност за вработување за сите деца на загинатите бранители.
  • Вработувања и пензии за сите бранители.
  • Бесплатно здравство, образование, јавен превоз, административни услуги, за сите бранители од 2001 година.
  • Организација на свеченост со која ќе се укаже почит на нашите воини, каде треба да се доделат барем благодарници на секој кој што на било каков начин бил дел од АРМ и МВР во одбраната на нашата држава во 2001 година.
  • Формирање на национална гарда.

За оваа држава паднале огромни количества човечка крв. За да се заштитиме од непријателите, прво треба како држава да си ги испочитуваме бранителите. Кога, ако не сега?

Вечна памет на сите кои го дадоа животот за Македонија.

ЛОЗА 2017