Tuesday, 20 October 8939

Кире Лазаров ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Кире Лазаров, Шампионот од Овче Поле ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА!

Искрено, загрижен сум со случувањата последно време во нашата Македонија.Чувствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата Македонска јавност. Ги почитувам сите граѓани подеднакво во Република Македонија без разлика на нивната верска, национална и партиска припадност. Драги Македонци, за да бараме почит од други и да ја добиеме прво треба сами себе да се почитуваме – За МАКЕДОНИЈА се работи!!! Да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет, да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија, да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа. Поддршка за Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија.

#едноимеимамезанегоживотживееме
#слушајтегогласотнанародот

пс: напишано од срце со чиста мисла и слободен ум. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

lazarov

Поздрав Кире, да си ни жив и здрав!