Tuesday, 21 November 2017

Да ни се живи и здрави Македонските жени! Убава иницијатива од Свети Николе

На страницата Исток прес беше објавена убава иницијатива на Организацијата на жени од Свети Николе. Истата ја поддржуваме безрезервно и Ви ја пренесуваме во целост, по што ќе се надоврземе со првиот наш предлог за оваа кампања за обзнанување на значењето на Овчеполските жени во Македонската историја.

Sveti Nikola Saint Nicholas

Свети Николе, 01.03.2017

Свети Николе ги бара првата жена лекар, пилот, падобранец, шофер, репрезентативка, пратеничка, советничка, новинарка, жена која прва седнала зад воланот на патничко возило, првата писателка, офицерка, уметничка, адвокатка, судијка, бабица, докторка на науки, првата жена тракторист, фризерка, шивачка, моделарка…

Во овчеполската метропола Свети Николе во тек е големата потрага по сé што е жена, а е значајно за историјата на градот. Во текот на 30 мартовски денови, на фејсбук страницата на Организацијата на жени во оваа општина, ќе биде објавуван по еден портрет на жена која била прва во нешто значајно за градот и која, на еден убав начин, е дел од неговата историја.

17016462_10207618002839193_564308611_o

Рахела Симеонова-Манева: сето ова го правиме во чест на жената која далa придонес за нашата општина.

Големиот и преубав проект е смислен во инвентивната лабораторија на Организацијата на жените која организација, пред две години, од новинарите во источниот регион беше прогласена за најдобрата невладина организација.

-Решивме во месецот на жената, на нашите сограѓанки кои оставиле свои драгоцени траги во животот и развојот на градот и општината, а преку тоа и на Република Македонија да и посветиме посебно внимание. Во таа смисла ги бараме првата жена лекар, пилот, падобранец, шофер, репрезентативка, пратеничка, советничка, новинарка, жена која прва седнала зад воланот на патничко возило, првата писателка, офицерка, уметничка, адвокатка, судијка, бабица, докторка на науки, првата жена тракторист за која се знае дека на ваква машина работела во 1924 година, фризерка, шивачка, моделарка, крводарителка, вели Рахела Симеонова-Манева, проектна соработничка и лице за односи со јавноста при Организацијата на жени во општина Свети Николе.

Рахела вели дека работејќи на оваа тема дознале дека првата падобранка во Македонија, легендарната Нада Ицева потекнува од село Павлешенци, дека Јелена Бруниќ, сега покојна, била позната пејачка која му пееле и на Тито, дека Свети Николе, покрај легендарната ракометна голманка на нашата репрезентација Гордана Нацева има и фудбалска судијка која суделе на последното Светско првенство за жени…

-Од денес па во следните триесет дена ќе објавуваме по една сторија за жена која на посебен начин ја испишувале богатата историја на Овчеполието. Последниот ден од месецот го посветуваме на отворање изложба во организација на Музејот на град Свети Николе и Домот на култура, на која изложба ќе бидат претставени портретите на истакнатите жени со нивна куса бографија, додава Рахела Симеонова Манева.

По оваа своја идеја Организацијата на жените во овој град може да стане инспирација за многу други градови за и тие, во месец март, месецот на жената, да се досетат и на некој посебен начин, а не само во кафеани со игри, песни и лумперајќи, да го одбележат најголемиот светски ден на жената.

извор – ИстокПрес

Еве го и нашиот прв предлог за оваа убава организација.

ЛОЗА: Првата жена која возела трактор во Овче Поле

Уште во 1945 година, меѓу дваесетина мажи, Јорданка Блажева од Свети Николе со успех го завршила курсот за трактористи…

zena traktorist

Ристо Гонев, Нова Македонија 1977

pletenka ovce pole

читај – Фељтон за ОВЧЕ ПОЛЕ

Сизиф или "си жив"
И как да го крстат: Крстиха го Александро
Семејството е најстарото и единственото природно општество
Хистерија против "антиквизацијата" на Македонија во 1871 година
Борбата за совршенство и тајното лозарско движење
Вулканите на Македонија
"Ѓаволскиот ѕид" во Овче Поле
Исус Крист, крстот и крвта на Адам
Баба Марта (текст од книгата „Имагинариум“)
Златоносните реки, старинското злато и мадамџиите (од Имагинариум - книга втора)