Monday, 26 June 2017

Дедо Варадин: поздрав од редакцијата на ЛОЗА!

Мед и ум. Медиум.

dedo leo

Прифаќајќи ги странските, туѓи зборови и изрази, однесувајќи се како тоа да е нешто сосема нормално, полека но сигурно претрпевме рекодирање на нашиот код, а доколку продолжиме во ова темпо, со сигурност на колективно ниво ќе ја изгубиме светлината која што ни е дадена од Словото. Штом глаголиме, значи постоиме. Во речникот на македонски зборови, изразот медиум е опишан со три значења. Како нешто што значи средина, како средство за масовна комуникација и како опис на лице кое „контактира“ со некој друг свет, димензија, различни од нашите. Весниците одамна ја загубија убавината, ако пред децении од секој крај од Републиката доаѓале редовни новинарски извештаи, сега печатените весници најчесто се преполни со нисковибрантна политика и информации кои немаат ништо општо со она што треба да го зачуваме – нашиот генетски код. На радио сеуште можат да се слушнат убави емисии. Ретки, но квалитетни. На телевизија, различни програми. Не програмираат како сакаат и како ќе им текне. И се тоа заради грижата кон граѓаните! Дали македонските „медиуми“ се однесуваат како војска на егрегорите и наместо мед, ни прскаат црн металик спреј врз третото око? Скоро сигурно.

Rembrandt_van_Rijn_-_Study_of_an_Old_Man_in_Profile_-_Google_Art_Project

Мера според мера, ЛОЗА издржа во македонскиот интернет простор пола деценија. Во продолженето на овој текст ќе се обидам да ви објаснам како и зошто започнав да го водам овој проект, од каде е псевдонимот Дедо Варадин и зошто ЛОЗА ќе продолжи да работи.

old-man-with-ivy-wreath-and-lions-head

Беше есента 2011та година. Чувствувајќи дека деновите врват некако побрзо отколку претходно, решив да ги проучувам старите календари. По истражувањата на мерењата на времето во различни краишта на светот и од различни древни култури, почувствував дека треба да го споредам календарот кој се користел по Александар со календарите на Рим, Византија и Богомилите. Ги најдов сите, само не и тој на Богомилите. Прашувајќи неколку луѓе за кои што знаев дека е можно да имаат познати кои ја имаат таа информација, го најдов човекот кој можеше да ми даде извадок од стара книга во која што се опишани месеците според календарот на Богомилите. Интересирајќи се зошто ми треба баш тоа, ме повика да се запознаеме. Веќе цела година на неколку блогови и друг домејн (кој поради чувствителноста на настаните сеуште нема да биде споменат) споделував извадоци од стари окултни книги, учења, мапи, е-книги, симболи, но и информации за Македонија. Се со цел за да соберам публика од целиот свет која се интересира од окултни теми, за подоцна да им ја презентирам мистичната Македонија. Полека, но сигурно истото ми успеваше. Гореспоменатиот љубопитен мистик ко да не веруваше дека воопшто не се шегувам со тоа што го правам на глобалната мрежа, но сепак љубопитно ме потпрашуваше за темите кои ги истражував. Ми го даде календарот и тоа беше тоа. Не поминаа ни два месеци и ме повика на разговор со следните зборови – подготви се, се сеќаваш ли на ЛОЗА и Младата Македонска Книжовна Дружина!?

study of a old man

На првиот состанок беше одлучено активноста да биде преку псевдоними, па затоа требаше да одберам име со кое што ќе ја претставам каузата пред македонските читатели. Чичкото со календарот на Богомилите ме праша дали знам кој бил Дедо Варадин? Му реков – е не, ти знаеш. И така… Дедо Варадин е човекот кој го паметат сите домашни посетители, но и гости кои пред околу половина век го посетувале Ѓуришкиот манастир. Тајните на Ѓуриште, мистичните премини на Градиштанска планина, чешмите со стари симболи и природното богатство на овој Овчеполски рид беа и повеќе од доволна инспирација за да ја превземам одговорноста да пишувам под псевдоним со име на човек, родум Овчеполец, кој по враќањето од Рилскиот манастир останал да го чува манастирот во Ѓуриште. И започнавме…

leo of makedon

Библиотеки, книги, состаноци, читање, пишување, анализирање, скенирање, преправање на стари пропагандни текстови, измена на историски податоци во полза на денешната република, и пак книги, читање, пишување…на сето тоа и целата техничка работа – објавување, споделување на социјални мрежи, одржување на страницата и прочие. Се до денот помеѓу празникот на Свети Никола и 21 декември 2012 година. ЛОЗА и официјално престана да работи. Поради конспиративноста на тогашните настани и моменталната ситуација во која што се наоѓа нашата Република, целиот овој период детално е опишан во моите мемоари кои некогаш, некаде, ќе ги видат светлото на денот.

parnassus_temple

Поминаа одредено време, но свеста за значењето на постоењето на оваа страница не спиеше и морав да продолжам. Без помош, без реклами, без евтини приказни, без глупости, само борба на полето за културен натпревар. И читавте. Читатели од цела Македонија, но и од дијаспората. Извадоци од стари книги, весници, фотографии, видеа, е-книги, фељтони, репортажи, патеписи, документарни филмови, македонска музика, македонска поезија, стари карти и мапи на кои ја има нашата Македонија…слободно можам да кажам дека ЛОЗА прерасна во единствената библиотека од ваков вид, создадена само и само од љубов кон човечкиот род и сопствената земја.

doktor

Минатата година стигна првата понуда од луѓе кои сакале да ја купат оваа страница сосе целата нејзина содржина. Сметале дека имаат ресурси и умееле многу подобро од нас да го подигнат нивото на информирање за истата да била читана од многу луѓе. Затоа што, како и за многу други нешта во државава, важни се само бројките, односно квантитетот, а не квалитетот. Но, Дедо Варадин не смее да ја продаде ЛОЗА! Ако на Младата Македонска Книжовна Дружина пред 120 и кусур години им ја запалиле печатницата, ние ќе постоиме во виртуелниот простор се додека постои и овој интернет. Доколку намерно бидеме нападнати и страницата исчезне, целата содржина е зачувана за да биде префрлена на друга адреса. Стигнаа и понуди за реклами, но дали е во ред да рекламирам било што за некакви си пусти пари на оваа страница? Дали истата „материјална помош“ нема да ни одмогне духовно? Бидејќи не сакам да се бавам со решавање на овој казус, а и поради тоа што по пет години борба конечно одам да ја припремам четата во Горското началство, уредничката позиција во редакцијата ја препуштам на Беседникот во нашата Ложа, почитуваниот Доктор СонЅе. Со мене доаѓаат Робин Луд, Ганџалф Конопиум и Гонзо Македонски. Серафим Александров ќе работи под прикритие, а на Докторот ќе му помагаат калфите Темјана Александрова и Дамјан Овчеполски.

Се надевамe дека ви беше вкусен древниот мед од Македонија и дека си го заблаживте умот со полезни информации. Ви благодриме за досегашниот интерес и одделеното време за посета на нашата страница. Подготвени се пет броеви на новата ЛОЗА – интернет списание во електронски формат со текстови од првите броеви на ЛОЗА од 19 век, извадоци од книги и наши текстови од последните пет години. Во догледно време редакцијата ќе почне да ги објавува еднаш месечно. До тогаш, слободно разгледајте ја нашата архива и чувајте ја Лозата на македонската мудрост. Нека има Светлина!

Дедо Варадин

16 02 2017

Дедо Варадин Ѓуриште, Овче Поле 20 век

Дедо Варадин
Ѓуриште, Овче Поле
20 век

Нова Македонија: Новинарите и поповите куртулија од лустрација
Антологија на Македонската национално-политичка мисла
Дали и тоа е од љубов?
Вечна филозофија на хаосот
Колонизација на Егејскиот дел на Македонија (1913-1928)
Македон - херој на Македонија и Македонците
Нацијата и аспектите на културата
Соновникот на Марко Цепенков
Тајните друштва и јавното мислење (текст од еден слободен Змеј)
Антимасонската изложба во Белград за време на втората светска војна