Monday, 21 August 2017

Овчеполска платформа за живот во Овче Поле (нацрт верзија)

Овчеполска платформа за живот во Овче Поле
(нацрт верзија)

ЖС Овче Поле

Детална проверка на водата за пиење во населените места.
Мерење на зрачењето од антените и предавателите.
Точно определување на подземните води под населените места.
Студија за жива и термална вода во Овче Поле и подготовки за пробни бушотини.
Крак од гасоводот до градот и селата.
Скенирање на браната и нејзино испуштање ако треба.
Создавање на услови за враќање на животот во напуштените села.
Канализација и водовод таму каде што нема.
Итна поправка на постоечките улици и патишта во регионот, изградба на паркинг зони.
Автобуси на сончева / електрична енергија, два за во градот – за да се намали сообраќајот и два за низ цело Овче Поле.
Собирање на стручни тимови за започнување на проекти за подобра животна средина.
Минералните богатства на Овче Поле – студија.
Голем младински културен центар каде што младите од целиот регион ќе можат да се занимаваат со активности кои ќе им го разубават секојдневието и ќе им помогнат во понатамошниот живот.
Обнова на згаснатите и голема поддршка за постоечките спортски клубови и нивните младински школи.
Реновирање на градскиот пазар, изградба и организирање на голем Овчеполски откупен центар, бесплатен семенски материјал, набавка на нова механизација.
Стипендирање на млади кадри кои ќе се образуваат и доусовршуваат во домашни и странски универзитети.
Стипендирање на вредни и талентирани ученици и спортисти.
Реорганизација на градската библиотека и враќање на старите подвижни библиотеки за селата.
Создавање на стратегија за туризам, овозможување на услови за посета на објектите од бившата држава и јна, археолошки локалитети, стари цркви, џамии и теќиња, култни места, стари села.
Изградба на туристички еко зони на неколку локации во Овче Поле.
Управување со отпадот од луѓето и животните на начин соодветен за векот во кој живееме.
Под итно завршување на капелата на градските гробишта.
Детален план за намалување на невработеноста.
Јавен список на болестите, бројот на заболени, причини за истите и можни начини за лекување и ублажување на последиците.
Мерење на ефикасноста, ефективноста и квалитетот на управување со локалната самоуправа.
Пренасочување на излишните досегашни трошоци во фонд за помош на болни луѓе.
План и подготовка за стратегија за враќање на иселените Овчеполци.

(продолжува)

ОВЧЕ ПОЛЕ!

Ѕвездата од Кутлеш