Tuesday, 19 October 3249

Имагинариумот на Доктор Сонѕе на гости во Македониум на Тв Сонце (видео)

Имагинариум е втора книга на Никола Ристевски, прва во печатена верзија. Во последните пет години авторот има подготвено уште шест други книги на различни теми, кои се во подготовка за издавање. Во книгата Имагинариум можат да се прочитаат собрани текстови, пишувани во периодот од 2011 до 2016 година.

иМАГиНАРиУМ

Книгата е напишана и уредена од Никола Ристевски, издавачка куќа е Меѓународниот Центар за Славјанска Просвета, рецензијата е напишана од Александар Станковски, предговорот од Домагој Николич (www.sbresearchgroup.eu), коментарот од Стојчо Керев (www.novotopoznanie.com), а поговорот од Велимир Абрамович (www.constantpresenttime.com).

Книгата ИМАГИНАРИУМ е пуштена во продажба од 23.12.2016, а повеќе информации за содржината, резервации и нарачки – на страницата на FB Имагинариум – Имагинариумот на Доктор СонЅе. Наскоро во продажба ќе биде пуштена и четвртата книга на Никола Ристевски, втора во печатена верзија – Зборник за Овче Поле. Промоцијата на двете книги ќе се одржи во градот на Свети Никола во Овче Поле во втората половина на февруари годинава. Повеќе информации – www.nikolaristevski.com

Делови од „Имагинариум“ на ЛОЗА (клик)

dze

Ова е трето гостување на Никола Ристевски во Македониум кај Марина Дојчиновска, емисијата беше снимена на 26 јануари, а се емитуваше на 28 јануари годинава.

претходно – Super Brain Research Group на гости во Македониум (видео)

768px-sun_symbol-svg

Дел од „Глина и Светлина“:

Трпение…спасение. Трпи, закрпи ги лузните. Не си сам во ова, целиот твој народ го чувствува истото. Сепак, луѓето се плашат кога некој им ја говори вистината. Оние најумните сè уште не знаат како да ги нахранат милионите гладни деца низ светот. Ретките видови животни и растенија умираат сè побрзо и посигурно. Земјата сама ќе се уништи од нашата деструктивност. Најучените уште не умеат да објаснат како биле изградени пирамидите. Религиозните упорни – чекаат да дојде Некој од небото и да ги спаси. Трпение…

Не обрнувајте внимание на младите – па зар иднината навистина зависи од нив? Што е реално, и колку илузијата ја има искривено реалноста? Ангели и Демони или борба на сите нивоа, сега и овде, и на јаве и на сон? Што би рекле чукун дедовците од пред век и кусур, ако знаеле дека ќе дојдеме до ова дереџе? Дали се раѓаме знаејќи сè, учиме во текот на животот, или мислејќи дека живееме забораваме сè? Можеш ли да погледнеш во ѕвездите, а да не ти се сврти свест? Можеш да ја почувствуваш бурата што доаѓа? Ги читаш ли знаците и зар уште веруваш во случајности?

Не плаши се. Стравот брзо го обзема поголемиот дел од сè она што всушност сме, па така е лесно да бидеме програмирани. Ни инсталирале шаблони, та веројатно заради истите нема дума за спознание. А и често прелестно ја мешаме илузијата со созерцанието. Матни се скриените долапи на свеста, а бистра е водата која ни дава живот. Тука е и маната наша насушена.

Знаеме кои сме, знаеме зошто сме овде баш сега, но не знаеме како да се видиме самите себе јасно. Истовремено, многумина сè почесто собираат храброст за да размислуваат гласно. Со страст се бориме против крастата, се тешиме со филозофијата на растите, ра е обратно од ар, па ќе пораснеме ли ако победиме? Победа – по беда, поголема беда? Прашалниците големи, одговорите ги нема две децении и кусур, многу се чудеа и станаа апла чудаци. И сега, што правиме – што е вистина, а што вистинитост? Вајстина е дека вистината истина, па кој е од глина, а кој од светлина?

Се раѓаме за да умреме, или се раѓаме за да живееме? ЅЕ.