Tuesday, 21 November 2017

Тркалото на Езекиел од црквата во Кратово

Црквата „Свети Јован Крстител“ – Кратово (понекогаш нарекувана и „Свети Јован Претеча“) се наоѓа во рибарското маало на Кратово.

1280px-Задната_страна_на_црквата_„Св._Јован_Крстител“_-_Кратово

Според преданието на постарите кратовчани, црквата била запалена во текот на Карпошовото востание (1689 г.), при што останале ѕидовите, но покривот целосно изгорел. Сепак, голем дел од вредните црковни предмети биле зачувани. Црквата била обновена дури два века подоцна, односно во 1836 година од страна на познатиот Андреја Дамјанов, додека импозантниот иконостас од ореово дрво со позлата е едно од првите дела на Петре Филиповски – Гарката и неговата тајфа, а иконите се создадени од Димитар Андонов Папрадишки и самоковските зографи.

800px-Врата_на_црквата_„Св._Јован_Крстител“_-_Кратово_(1)

Од ктиторскиот натпис над влезната врата на црквата можеме да дознаеме дека црквата е обновена во 1836 година со „залагање и трошок на сите христијани“.

1280px-Sv._Jovan_Krstitel_-_Kratovo_7

Нејзиниот импозантен иконостас и фрескоживопис е настанат преку дела на мајстори од Самоковската сликарска школа, како зографите Димитар Христов (1837) и неговиот син Захарија Доспевски (1868 и 1869). Воедно и Димитар Андонов Папрадишки бил ангажиран на два пати во црквата (1904 и 1905), како и уште еднаш во 1921 година. Месното население верува дека во црквата постојат три исцелителни икони, кои заземаат посебно место во храмот. Тоа се иконите на Света Богородица, која се дарува за рожба и здравје, Исус Христос со сребрена рака и Свети Јован Крстител. Особено вредна е и иконата на Свети Ѓорѓи Кратовски, кој е претставен во природна големина од страна на мајсторот Захарија Д. Досевски Самоковец.

1280px-Freska_od_Sv._Jovan_vo_Kratovo_14текст и фото – wiki

Симболите на градбата и фреските во црквата воодушевуваат со својата автентичност и убавина. Она што посебно ни го привлече вниманието при неколкуте посети на овој храм, беше тркалото на Езекиел:

Ezekiel's_Wheel_John_Kratovoвиди –

Книгата на пророк Езекиел

Меркаба