Monday, 26 June 2017

Марко Цепенков за кулата од Вавилон

По потопот после, откоа беа се намножиле луѓе, имало еден цар. Нему му кажуале луѓе оти било некоаш потоп, со вода на земјава и од тој потоп сите луѓе беа се издавиле; само неколцина живи останале и од нив векот се подновил и се размножил. Уверен бидејќим царот на тоа што му кажуале учените, сторил ниет да напраит една висока кула, дури до облаци. И ако да се стори пак потоп, да се качит горе и да не се удаит од потопот.

Ја зафатил да ја праит со голем зулум. Свикал целио народ да работат. Дење, ноќе работеле, шу побрго да се напраит; арно ама народот не можеле само кулата да ја праат, ами требало и домашна работа да си приработуаат за да се ранат; арно ама силнио цар ништо живо луѓето не ‘и припуштал од кулата.

Коа виделе народот оти царот ‘и терат сосила да работат на кулата, еден по еден сите беа се разотишле по дома…

babel_full

читај – Кулата Вавилонска