Thursday, 21 September 2017

Евгениј Евсигнеевич Голубински за Овче Поле, 1871 година

Градот Брегалница, постоечки во вид на село, а во крајна мера како град во првата половина на минатиот век (за порано се знае по споменот за пренесување на моштите на светите Тивериополски маченици), се наоѓал на реката Брегалница (се изговара Брегалница, а не Брегланица, како во речникот на Даничич). Реката е лева притока на Вардар, се влива не многу далеку под Велес, на 20 – 30 километри од устието стои градот Истиб или Штип. По свидетелството на архиепископот Теофилакт, брегалничката епархија била создадена од Борис. Во последно време за неа се појавуваат споменувања, според кои е веројатно дека не многу долго по создавањето таа била соединета со подоцна создадената, соседна струмичка епархија.

Веќе пишувавме дека на константинополскиот собор во 879 година присуствувале двајца епископи од пробатската епархија. Големата област која лежи на меѓу левиот брег на реката Вардар, од таму каде што во Вардар се влива Пчиња (на половина од текот помеѓу Скопје и Велес) и таму каде што во Вардар се влива Брегалница, и меѓу градовите Велес, Кратово и Истиб, како што била именувана во древни времиња, така и во сегашно време го носи соодветното име – на грчки Пробата/Провата, а на славјански Овче Поле. (според многу стари описи, и Злетово и Лесново припаѓаат на Овчеполската област и стара епархија)

извор – Краткий очерк истории православных церквей болгарской, сербской и румынской или молдо-валашской. Евгений Е. Голубинский 1871

слободен превод – Никола Ристевски, ЛОЗА 2017

1317-2

Можеби ќе Ве интересира – Овчеполската епископија