Sunday, 20 October 3630

Да сте живи и здрави и да живеете во мир и спокој, поздрав од редакцијата на ЛОЗА

Редакцијата на ЛОЗА Ви посакува да сте живи и здрави и да живеете во мир и спокој во оваа 2017та година, со текст од списанието ЛОЗА од пред 120 и кусур години. Слобода или смрт!

Само еден поглед е доволен за да се видат очајните нужди на нашата татковина. Благодарение на последните политички случувања на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се собрале секакви возможни надворешни елементи кои што, воодушевени од своите уништувачки идеи за нашата иднина, планови и интереси, слободно и со молскавична енергија го засилуваат антагонизмот кој што и онака постои во земјата. Само еден силен отпор од наша страна може да нè предпази од злобните посакувања. Но, при денешната состојба ние не можеме да извршиме такво дело, за тоа ни се потребни сили, а нашите се разнебитени, раздробени. Треба значи, да ги соединиме, да ги собереме во една општа, моќна сила – народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина.

Тоа треба да е стремежот на секој кој што се чувствува Македонец, каде и да се наоѓа. Младата Македонска Книжовна Дружина во предвид ја има точно таа цел. Очевидно е дека таа претенција е многу голема. И навистина, таа ги надминува силите со кои што дружината располага засега. Но во истото време, Дружината верува дека нема за долго да е изолирана од родољубите.

За постигање на таа цел Дружината ја издава својата “ЛОЗА”.

Останува на оние што се интересираат, да се придружат со моралната и материјалната подршка со кое што, меѓу другото, ќе помогнат еден огромен македонски проект.

Списание ЛОЗА 1892

ЛОЗА www.loza.mk

ЛОЗА 2013

 

Хајки на годишнината од смртта на Јане Сандански
Слободни Ѕидари во Белград по 82 години
За национализмот
Белешка за слабоста на национализмот
Предупредување до министерот за внатрешни работи
Ренесансата почнала од Македонија
Народните игри - русалии и бабари како врвен израз на македонската народна драма и фолклорен театар
Црквата Свети Никола во Павлешенци, Овче Поле
Овче Поле - Бериќетли нахија
Од Свети Никола до Преодски ливади за пет минути - видео од Овчеполскиот автопат