Monday, 20 November 2017

Текстови од дедо Марко Цепенков

Откога се запозна Миладинов со татка ми, дојде у нас дома неколку пати за да купи нешто од татка.
Еден неделен ден дојдувајќи у нас, извади едно џузданче од џеб и му рече на татка: „Слушај, кир Коста, што ќе ти пеам една песничка детинска:
„Тумба, тумба дивина” и пр.
„Е, те бендиса, кир Kоста?”
Дури го пееше тоа нешто Димитрија, татко само ја завртуваше на страна главата, како да сакаше да му каже на Миладинова оти не ја азеттиса, та му рече:
„Mope за такви песни, кир даскале, Марко мој сума знае, нешто божевно, божевно да ми кажеш, та да ти благодарим.
Навистина, кир даскале, чуму ти се вакви работи што ги собираш?
Некни ме прашаше за песни да ти пеам и за многу друзи стари работи, ако сакаш кажи ми, та да ми е ќеф да ти прикажам многу нешта што знам”.
Откако се опули и надесно и налево Миладинов, издивна и му рече:
„Ќе ти кажам, кир Коста, чунки те познав оти си патриот, ама ете ти небото и земјата, ако му кажеш на Тимиона али на некој друг.
Јас сум сторил ниет да типосам една книга со песни и друзи народни сторенија, за да останат за спомен на нашето потекло, чунки ние се кај туку се грчиме и Господ знае докрај како ќе бидеме.
Ете затоа сакам да зберам и да ги типосам песни и друзи работи.
Ама ќе те молам:
видов не видов, и чув не чув, оти ако ме разбере владиката, ќе ме сурдиса и ќе ме баттардиса”.
И за вистина бестрашниот родољубец од тоа што се боеше, тоа и го најде.
Бог да го прости него и брата му, се баттардиса.
Кога ги чув тие зборови од покојниот Д. Миладина, на срце ми паднаа и си реков со умот, чекај и јас песни ќе пишувам.
Отпрвин само песни запишував, а кога во Чолаковиот Зборник оти имаше и приказни печатени, а пак јас знаев сто и педесет приказни, почнав да си ги пишувам по една – две во недела.

ghoul quest
читајте повеќе – клик