Monday, 19 October 5615

Свети Климент Белички, епископ на БЕЛА (Зора)

СВЕТИ КЛИМЕНТ БЕЛИЧКИ ЕПИСКОП НА БЕЛА (ЗОРА)
11-25_sv_kliment_14-15

За седиштето на епископијата на свети Климент, науката расправа повеќе од 150 години. Изнесени се повеќе претпоствки за нејзината локација, почнувајки од Родопите, па по течението на реката Вардар , во Брегалничкиот крај па се до Берат(Белград) во Албанија. Најбројни се претпоставките дека неговата епископија се наога во северна Македонија поточно во брегалничко-овчеполскиот крај. Кај голем број на истражувачи забуна претставува погрешното именување на епархијата , Величка наместто Беличка. Па така како епископ Велички бараа град Велика и секако не го најдоа.
Рускиот историчар Голубински, е дециден дека свети Климент е епископ Белички а не Велички, а седиштето е во градот Белград. Бидејки во тоа време тој не знаеше за таков град во северна Македонија, како таков го лоцира градот Берат(Белград) ви Албанија. Кога сме тука , многу значајно е тврдењето на бугарскиот историчар Трендафил Крстанов кој вели:
„Издигнат през 893 г. за епископ в Струмица, според ватиканския гръцки кодекс 2492, от 906 до 916 г. той е изпратен за епископ в град Белград или Велица, сега Берат в Албания. И досега в папския годишник е отбелязана епископията Бела (Велица) в провинция Западна България.“
Иако и тој типува на Берат, изнесува еден податок од огромна важност, а тоа дека во папски годишник во Ватикан, името на епархијата е Бела. Токму Бела(Зора) која археолозите ја пронајдоа пред 8 години, а која се наога во самото средиште на овчеполието, древната македонска престолнина, е најверојатно престолниот град на епископијата на свети Климент. Кон ова се надоврзуваат и многу други околности, како крштевањето и крунисањето на цар Борис на Брегалница (стар летопис), градењето на белите цркви низ овчеполието, големиот број на цркви во Свети Николе кое е на само неколку километри од Бела, а пред се тоа дека Бела како еден од најзначајните градови на Балканот во антиката е невозможно да нема своја епископија.

Сашо Стојчев – превземено од fb