Monday, 19 October 3344

На вампирџиите од старите му останало од деда, прадеда, некоа трава

Гробието од вампирите имале една дупка, што си оделе во сабота да си лежат, чунки непендек било ете вапир во сабота не одел по куќите да праи зулум.

Марко Цепенков

Музиката и танците им биле омилена забава, па на тој начин ги ловеле вампирџиите. Луѓето родени во сабота, во некои краишта сабота пред Бадник или сабота во нечистите денови, или сабота пред Велигден или деца чија мајка починала пред тие да бидат родени, имале способност да ги препознаваат и гледаат вампирите. Се верувало дека пците имаат исто така способност на препознавање на вампирите и дека тие го најавувале со лаење нивното појавување.

Вампирот може да биде изгорен, попарен, се уништувал со прободување на телото, можел да биде избркан на друго место, да се удави, но најчесто бил уништуван од вампирџија. Гробовите на повампирените се откопувале во сабота наутро и телата биле уништувани со врела вода. Природниот непријател на вампирите според старите верувања бил громот. Вампирите стравувале од водата, од солта, од железото со кое се ронела солта, од лук и катран, во поновото време христијанските симболи крстот, иконите, темјанот, осветената вода исто така претставувале опасност за него. Но како најнепријатниот непријател на вампирот се сметал волкот од кого тој не можел да се спаси. Како особено подобен во борба против вампирите се смета и глогот (Crateagus monogina), колец или трн.

vampirdzii

Вампирите во македонските народни верувања и преданија

Македонска народна демонологија

 

Глогот во македонската народна митологија