Monday, 23 October 2017

Медицината во древна Македонија

Голем број од археолошките артефакти пронајдени на територијата на Република Македонија ни даваат увид за медицината во древните времиња. Некои од спомениците кои сведочат за лечењето во античките времиња се – статуата на Асклепиј од Стоби, статуата на Асклепиј со Хигија која држи змија, статуата на Асклепиј со ботаничарот Теофраст од Стибера, многубројните бази посветени на Асклепиј од Хераклеја, повеќето бази посветени на Асклепиј, Хигија, Теофраст…

Според некои од изворите со кои што располагаме, Асклепиј (Асклепиос) најпрвин бил нарекуван Пеон, Пајон, Паон, Пæон.