Monday, 23 October 2017

Мартин Саздов Saksa – Шампионот од Овче Поле (видео)

Шампионот од градот на Свети Никола Мартин ,,Saksa” Саздов со одличен почеток на годината, прво место на ESL One Genting турнирот во Малезија.

SAKSA digital chaos

Saksa FB fan page (click)

Најдобриот македонски гејмер Мартин ,,Saksa” Саздов од градот на Свети Никола заедно со својот тим ,,Digital Chaos” го освоија првото место на првиот од серијата LAN турнири кои следуваат годинава во DOTA 2.

digital chaos champs lan

Arena of Stars во Куала Лумпур, Малезија беше сведок на победата во финалето на Саздов и неговите соиграчи против кинескиот тим ,,NewBee” со резултат 3:2. За Мартин оваа победа на турнирот има посебно значење зошто е и прва негова шампионска титула со ,,Digital Chaos”. Апсолутно доминирајќи во групата тие во полувиналето се соочија со рускиот претставник тимот ,,Virtus.Pro” и убедливо ги поразија со 2:0 во партии. Турнирот содржеше награден фонд од 250 000 долари од кој Мартин и негодиот тим за првото место заработија 125 000 долари. Откако претходната година во Бостон на DOTA 2 International турнирот го освоија вицешампионското второ место и се докажаа како одличен тим на гејминг сцената со новата победа Мартин за околу година има заработено 805 000 долари но како и што доликува на едно скромно и воспитано момче тој кратко се заблагодари на сите кој го подржуваат и дека се чуствува прекрасно после првата победа на LAN турнир.

digital chaos champs
Сето ова покажува колкав капацитет имаат македонските умови кој не се препознаваат во денешново општество но и пример за мотивација како може да се оствари еден сон ако сте истрајни во нешто. Во наредниот период како и досега на Мартин му посакуваме уште многу и многу титули и победи, гордо во светот претсавувајки го градот на Свети Никола и Македонија.

 

за ЛОЗА од Малта

Александар Тасев,

Децата на Сонцето

претходно – Сакса шампионски на GG.TV