Thursday, 20 October 9222

Бог да го прости дедо Марко

…тука веќе јас се лишив од десното ми око од многу напрегнување да пишувам приказни и други народни работи, дење – од печатницата, а ноќе – од народните работи. Ете, сега сум со едно око – левото, и тоа не толку да гледам…

цепенков

Смили се ти, о Господи,

Виделото поврати ми

На моите две очи

Дај ми здравје, исцели ме,

За да гледам како порано,

Да допишам приказните,

приказните и песните,

И многуте други збирки

Што сум ги собирал со години

Како што берат пчелите

Мед и восок по горите

И го носат во кошарите

Сите да ги испечатам

Вечен спомен да оставам

На мојот мил народ

Да ги чита и да вели

Бог да го прости дедо Марко

Што ги пишал тие нешта

Од нашите прадедовци,

И за сега да се знаат.

cepenkov

Дедо Марко Цепенков