Книгата „Имагинариум“ и древниот плод на самоспознавањето

Авторот Никола Ристевски со голема смелост си дозволува да коментира настани, времиња и дамнешно културно наследство. На Балканот, каде што секој народ претендира за безгранична древност, таков обид е нешто како скок од 10000 метри без падобран. Но, точно заради таа причина книгата „Имагинариум“ е полна со смели претпоставки и научни анализи. Овчеполската земја е објект на повеќе истражувања на Ристевски.

Загледувањето во знаците можеби е возможно за многумина, но малку се оние кои умеат да ги декодираат. Работата на Никола е да биде оној што ќе го спознае нивното вистинско значење во овие турбулентни времиња. Тогаш секој може да се довери на личниот компас.

Сега за нешто друго. Интервенцијата на Орион и Сириус во текстот е и те како ангажирана. Кога езотеријата ја сретнува историјата, секогаш завладуваат. Денес милиони луѓе од целиот свет веруваат во тоа, дека човештвото е еден експеримент на висока цивилизација. Истовремено, да се спротивставуваме на внатрешните пориви, благо кажано, е глупаво.

Го охрабрувам секој да се довери на дарбата на Никола Ристевски и да се впушти во авантурата, која што ја откриваме во следните зборови од текстот „Добар ден Македонијо, среќна ли си денес?“: „Сонцето грее и повеќе од она што сме го заслужиле, водата под нас чека да си ги навадиме посевите, само прво да ја извадиме на површината, полето чека да го негуваме дрвото коешто е со длабоки корења и едвај издржува на невремето, па можеби и е пред нас периодот кога ќе го вкусиме плодот на самоспознавањето“.

Тој плод чека да биде набран. Не губете време!

Стојчо Керев

www.novotopoznanie.com

768px-sun_symbol-svg

Делови од „Имагинариум“ на ЛОЗА (клик)

Leave a Reply