ИМАГИНАРИУМ – предговор

ИМАГИНАРИУМ

 

‘We are such stuff as dreams are made on,

 and our little life is rounded with a sleep.’

William Shakespeare, The Tempest

Вистината постои, но прашањето е како едно слабо и несовршено битие со трагична судбина како човекот воопшто може да дојде до вистината? Античките преданија и христијанството учат дека судбината Божја истовремено е и трагична, што претставува мисла која може да го донесе човека и до крајните граници на очајот. Но, покрај крајната граница на страдањето и болката стои утехата: воскресението, преобразбата и новиот живот.

Навистина не можам да пишувам за оваа книга, а да не пишувам за Никола, како што ни за човекот не може да се пишува на вистински начин, а да не се пишува за Бог, неговиот творец. Само човек на кој му е затворен патот кон надвор, патот во животот, само човек жив заѕидан може да продре во себе до самото дно, а тоа понирање е единствениот пат кон Бога. Како на небото, така и на земјата. Како светиот Јероним, истражувач и редактор на светите списи – пророк и осаменик фрлен или отфрлен во пештерата со лавови како Даниел, само трагачот во самотија и потполен мрак може да дојде до зраците кои светат бескрајно. На сличен начин, нашиот свет во визијата на Никола е исткаен од илјада слики и книги, станува разбирлив и помалку тегобен, затоа што од горе е осветлен со севидливото око на неговата душа и распослан по Овчеполската рамнина. Неговото време е ткаенина од вечноста во која може произволно да се скокнува во минатото, сегашноста и иднината. Светот на имагинацијата на Никола е постварен од се што наводно е стварно,  во тој свет сосема оправдано се мешаат јавното и тајното, претекува незнаеното и знаеното, ­се појавуваат и исчезнуваат луѓе и богови, се водат војни, менуваат царства, се покажуваат знаци и од НЛО-а за да во еден момент потоа се затрепери и исчезне во магла…а творецот на крај останал сосема сам, како што бил на почетокот во мигот на создавање, па може од ново да започне. Книгата што врви по животот е книга за самотијата:  човекот кој успее да ја опфати бесконечноста нужно е сам, како што и секоја бесконечност од внатре е богата, а од надвор опкружена со ништожност и затоа стои сама како Бог, кој е самодржател и седржател. Оваа книга затоа е потполно вистинска претстава на светот, како што Никола е верна слика на Свети Никола.

Но, доколку при читањето успеат да се допрат две самотии, се отвара нов простор на бесконечноста и сосема ново поле на возможностите. Читателот кој е трагач и самотник, исто така е и создавач кој се прашува чии ли се мислите кои што се толку густо испреплетени, па веќе не се знае која е чија, што е сон, а што јаве, што е прочитано, што е едноставно од Бога подарено, а што оставено како каменче во обувката на светиот Павле.

Нема дефинитивни одговори, иако вистината дефинитивно постои. Важна е потрагата, а не целта. Но, во Имагинариумот се е возможно и затоа станува збор за сликата на семожното. Имагинацијата е основа на магијата, а зборот магија доаѓа од нашиот збор мочи – могу – можам. А ако може Никола, тогаш можам и јас, и мојот пријател веќе не е сам.

Домагој Николич

Предговор напишан од Домагој Николич за книгата Имагинариум на Никола Ристевски.

768px-sun_symbol-svg

 

‘We are such stuff as dreams are made on,

 and our little life is rounded with a sleep.’

William Shakespeare, The Tempest

Istina postoji, ali je pitanje kako jedno slabo i nesavršeno biće tragične sudbine poput čovjeka uopće može doći do istine? Antička predaja i kršćanstvo uče da je sudbina Božja također tragična što je misao koja čovjeka može otjerati do krajnjih granica očaja. No, onkraj krajnje granice patnje i boli stoji utjeha: uskrsnuće, preobražaj i novi život.

Zaista ne mogu pisati o ovoj knjizi, a da ne pišem o Nikoli, kao što ni o čovjeku nije moguće pisati na pravi način, a da se ne piše o Bogu, njegovom stvoritelju. Samo čovjek kojemu je zatvoren put prema vani, put u život, samo čovjek živ zazidan može prodrijeti unutar sebe do samog dna, a to poniranje je jedini put do Boga. Kako na nebu, tako i na zemlji. Kao sveti Jeronim, istraživač i redaktor svetih spisa – prorok i osamljenik bačen ili odbačen u lavlju pećinu poput Danijela, samo tragač u samoći i potpunom mraku može doći do luče koja će obasjati beskraj. Na sličan način, naš svijet, u Nikolinoj viziji satkan od hiljada slika i knjiga, postaje shvatljiv i manje tegoban, jer je odozgor obasjan svevidećim okom njegove duše i prostrt po dostižnoj ravnini Ovčeg Pola. Njegovo je vrijeme tkanina od vječnosti po kojoj se može proizvoljno skakati po prošlosti, sadašnjosti i budućnosti. Nikolin izmaštani svijet je stvarniji od ičeg navodno stvarnog; u tom svijetu se posve opravdano miješa javno i tajno, pretače neznano i znano, pojavljuju se i nestaju ljudi i bogovi, vode se ratovi, smjenjuju carstva, ukazuju se znakovi i NLO-ovi da bi za trenutak potom sve zatreperilo i iščezlo u magli… a stvaralac na posljetku ostao posve sam, kao što je bio na početku u času stvaranja pa ono može ponovo započeti. Knjiga što vrvi životom je knjiga o samoći: čovjek koji obuhvati beskonačnost nužno je sam, kao što je svaka beskonačnost iznutra bogata, a izvana okružena ništavilom i zato stoji sama kao Bog samodržac i svedržac. Ova knjiga je stoga posve vjerna slika svijeta, kao što je Nikola vjerna slika Svetog Nikole.

No, ako se u čitanju uspiju dodirnuti dvije samoće, otvara se nov prostor beskonačnosti i sasvim novo polje mogućnosti. Čitalac tragač i samotnjak je također stvaralac koji se pita čije li su misli tako gusto isprepletene da se više ne zna koja je čija, što je san, a što java, što je pročitano, što je doživljeno, što jednostavno od Boga darovano, a što ostavljeno kao kamenčić u cipeli svetog Pavla.

Nema definitivnih odgovora, iako istina definitivno postoji. Bitna je potraga, a ne cilj. No, u Imaginariumu sve je moguće i zato je riječ o slici svemogućeg. Imaginacija je osnova magije, a riječ magija dolazi od naše riječi moći – mogu. A ako može Nikola, onda mogu i ja, i moj prijatelj više nije sam.

 Domagoj Nikolič

Делови од „Имагинариум“ на ЛОЗА (клик)

Текстови од Домагој Николич на ЛОЗА (клик)

Проф. Домагој Николич и Никола Ристевски (www.nikolaristevski.com) се соработници во меѓународниот научен тим Super Brain Research Group, под раководство на проф. Паоло Дебертолис (www.sbresearchgroup.eu). 

1 Comment

Leave a Reply