Thursday, 17 August 2017

Реконструкција на тремот пред црквата во Богословец, секоја помош е добродојдена

Црква “Свети Јован Богослов” – Богословец. Изградена е во 1825 година од непознати мајстори, од кој период се и иконите, во најголем дел од Андон од Папрадиште, Ангелко од Папрадиште, Хаџи Коста, Јован Прилепчанин и непознати. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Crkva Sv Jovan Bogoslov

По иницијатива на црковниот одбор на црквата Свети Јован Богослов во Овчеполското село Богословец, од април годинава започна реконструкција на тремот кој беше целосно дотраен. Тремот зафаќа површина од околу 100 квадратни метри, а до сега е направено санирање, потпирање со бетонски столбови и прстени над попуштениот ѕид над влезната врата во црквата. Овој зафат беше значаен и со голема итност бидејќи ѕидот беше пред уривање. Сега истиот веќе е естабилизиран, се работи на тремот, а во блиска иднина би требало да има можност за обнова на предната и десната фасада и влезните врати на црквата. До сега финансии за работите се обезбедени од донации на луѓе и фирми, а се користат и средства собрани во црквата за време на празникот Свети Јован Богослов во изминатите неколку години. Фирмата која ги врши градежните зафати работи бесплатно како помош за црквата. Во работата учествуваат и луѓето од црковниот одбор.

bogoslovec-crkva-1

Редакцијата на ЛОЗА ги замолува сите Овчеполци, Македонци, читатели на нашата страница, кои сакаат и можат да помогнат околу реновирањето на овој стар духовен храм, да исконтактираат со фан страницата на селото Богословец на FB (клик) или да помогнат со средства на ж-сметка 210501662802955 во NLB тутунска банка.

bogoslovec-crkva-2 bogoslovec-crkva-3 bogoslovec-crkva-4 bogoslovec-crkva-5 bogoslovec-crkva-6

Повеќе за Богословец на ЛОЗА (клик)