Saturday, 19 October 3467

Интервју со Мартина Димоска – еден од најмладите амбасадори на Република Македонија

Здраво живо Мартина. Благодарам за овозможената прилика за интервју. Од претходното помина повеќе од една година, а ти веќе учиш во САД. Се надевам дека со овој мал разговор јавноста ќе дознае повеќе за еден од најмладите амбасадори на Република Македонија во светот.

dsc_8691-copy

Како отиде на студии во Америка, каква програма е Global UGRAD и што учиш?

– Ми претставува огромна чест да бидам избрана на ваква високо конкурентна програма. Во САД веќе ги привршувам своите студии на Kent State University, изучувајќи Aerospace Engineering што ги сихнронизира моите предходни две дипломи: Инженерство на материјали и нанотехнологии на Технолошко – металуршкиот факултет и Академијата за мехатроника, роботика и ембедед системи при NewMan’s Business Accelerator што ме води чекор понапред до постигнување на моите планирани цели. Global UGRAD програмата е спонзорирана од U.S. Department of State и е иницијатива што доделува стипендии за додипломски студии на студенти од над 55 земји. Студентите се поставени во колеџи или универзитети низ САД соодветни или комплементарни на нивното предходно образование. Global UGRAD програмата е спроведена од страна на World Learning кои што олеснија поставување на над 1.800 Global UGRAD студенти кои што се спознаваат со алатки за да станат млади лидери во своите професии. Топло ја препорачувам оваа програма на заинтересирани млади и квалитетни ентузијасти со исклучителен талент и успеси на кариерен план и ги охрабрувам сите иновативни студенти да се пријават на конкурсот што е излезен од Ноември, оваа година

Морам да напоменам дека се избираат навистина талентирани млади лидери кои што уште од мали ноѕе дејствуваат врз општеството. Луѓе кои што немаат само просек туку и општествен импакт, дипломи од различни натпревари и хакатони и нормално волонтирањето и всушност обликувањето на општеството се клучни за прием. Мило ми е што толку многу млади луѓе кои што веќе имаат направено огромен импакт го забележаа мојот пример и ги следат моите стапки. Тука сум за нив и за сите потешкотии, нејасни работи и совети.

Условите за прием конкретно на мојот универзитет бараат не само просек од факултет туку и од средно образование (константен тек на просекот и докажувања) и се фокусираат на одлично познавање на Англиски и Математика, критично размислување, решавање проблеми и способност да бидеш директно поставен во класот на Mатематичка училница и да продолжиш со напредување низ Аналитичка геометрија и анализа како и калкулус без никаков проблем. Минимумот на SAT тестот треба да е 1700 (сложен резултат). Мора да се има познавање на воздухопловна систем инженеринг технологија во рамките на аеронаутиката , познавање на физика и просекот што треба да се одржи таму е најмалку 9, односно B grade. Досега мојот OPAL тест беше 100% A и сметам дека сум прилично компетитивна и амбициозна да го задржам и понатаму при сите предизвици.

dsc_0033

На каков начин им функционира образованието?

Мислам дека секој што ме знае или ме има анализирано ми има кажано дека припаѓам тука. Едноставно таква ми е енергијата. Уживам во работата и секогаш сум pro-networking. Од сите земји кои што сум ги посетила било тоа да е размена, конгрес или семинар, во Америка најдобро се вклопувам. Се покрива огромен материјал со голема леснотија затоа што се има и пракса и теорија. Од многу имам слушнато предрасуди дека едукативниот систем конкретно во Америка има можеби понизок стандард. Јас тоа не го доживеав така. Мојот универзитет е во 100 најдобри државни универзитети во светот. Сепак и покрај таква конкуренција тука многу здраво се студира. Се е во порции и за се се има краен рок за доставување на материјалот и тестирање. Се учи во порции и теми и навистина притисокот е многу помал затоа што трудот неверојатно се цени а наставата е балансирана и стратешки распоредена. Навистина фер систем каде се знае кој што бара а кој што треба да придонесе.

marta

Веројатно имаш колеги од многу различни земји. Што учите едни од други?

Морам да кажам дека  многу луѓе се потпираат на стереотипи и незнаењето дава многу погрешна слика за одредени култури. А тоа автоматски создава конфликт. Откога знам за себе волонтирам за мултиетнички соживот и за подобрување на такви тензични дијалози. Но место тоа да е нормално, и место да се даде шанса на различното најчесто таа шанса е заменета со говор на омраза, отуѓување и сл. Луѓето некако не се спремни да вложат екстра труд за да се подобри нешто. Негативноста и оспорувањето се голем проблем во многу општествени кругови кои едноставно не знаат за благодарност, ценење или признавање/гордеење на туѓ успех. Сепак тоа се должи на недоволна едукација, свест, совест и морал. Сметам дека со доволно вложен труд и соработка со слични истомисленици може да се влијае и да се подобрат таквите околности.

Лично јас имам по една Мартина за 100 други различни култури. Побогато се немам чувствувано бидејќи сите блиски извадија по една нова верзија од мене што до тогаш не ни замислував дека можам да ја поседувам. Чудно е колку брзо некои луѓе знаат да те освојат со искреност и добрина и да се зближите за еден семестар повеќе отколку другарства дома кои биле подолги од декада. Ама добрите енергии се препознаваат меѓу себе. Во мојот најблизок круг спаѓаат по еден/една од: Америка, Македонија, Лебанон, Хондурас, Саудиска Арабија, Русија. Гана… Навидум сме толку различни но толку слични. Кога човек ги дели сите тие прекрасни искуства со убав круг доаѓа до едно базично ниво на љубов и хуманост и сфаќа колку е неуништливо таквото пријателство и поврзаност.

Те прашуваат ли за Македонија и како им ја опишуваш нашата земја?

Ме доживуваат како горда на својата култура и бидејќи сакам Македонија да ја претставам во најдобро светло говорам со толкав жар за цел тој прекрасен микс на култури на Балканот. И како дури и тешките моменти во нашата историја ја збогатиле нашата култура. Често употребувам личности како Мајка Тереза и Александар Македонски за раскажам парче историја и им готвам Македонски традиционални јадења. Дојдов со куфер полн традиционални подароци за да запаметат од каде сум. Така се справувам со носталгијата. Често ме прашуваат како е возможно во толку малечка земја да роди такво дете со толку голем дух и големо срце? Затоа што сите ги канам да ми дојдат и им ветувам дека ќе ги гостам, ќе ги прошетам низ секоја прекраснотија и ќе ги запознаам со бисерот на Балканот – Охрид. Македонија нив им ја претставувам во најрозово светло, како мало парче рај кое е толку природно и полно со љубов за секого.

mkdlozano

Во кој правец сакаш да го продолжиш образованието? По колку часови седмично учиш (предавања, вежби, читална и дома)?

По завршување на моите студии ќе имам 23 години и три Факултетски дипломи зад себе кои се комплементарни една на друга. Но мислам дека очигледно е во која насока се стремат моите погледи. Плански и решително полека стигам до целта. Учење никогаш не ми било здодевно. Од малечка премногу читав и дури и денес имам време за дела поинакви од стручната литература и редовно ја обновувам својата билбиотека. По цел ден сум на Универзитет и затоа што смерот е редок и напорен но уживам во тоа. Многу брзо го разбирам материјалот и не ми треба многу време поминато над книга. И покрај 5.0 GPA (континуиран просек) сепак не се чувствувам доволно начитана и колку и да сум уморна не можам да заспијам ако не прочитам нешто ново што отсекогаш ме интересирало. Без разлика дали е поезија, психологија или нешто поврзано со здравството на крајот на денот во инбокс на моите блиски се наоѓаат десетици линкови што ги чекаат за изутрина. Штета што никој не ги чита освен мене и после во некои дискусии повторно треба да им ги објаснувам.

martafoto

Дали ќе ти остане време за фотографирање?

Секогаш! Не сум исполнета ако во мојот живот не се испреплетени науката и уметноста. Во Америка и на уметнички план доживеав поголем развој отколку предходно. Мило ми е што тука ако хобито ти е различно од струката не е воопшто табу затоа што универзитетот е модерен и има навистина неверојатно талентирани луѓе со остар ум и висок интелект. Многу луѓе го разбираат мојот поглед на баланс и комплетност и како уметност и наука се комплементираат едни меѓу други. Контактот тука е поинаков, доколку имаш потенцијал и амбиција првично ќе те поддржат најблиските и ќе направат се во нивна можност да ти успее сонот а секако квалитетот ќе го цени и општеството и ќе те вреднува. Мислам дека тоа треба да го проповедам малку повеќе дома затоа што досега немам доживеано таква среќа и леснотија и во мојот вокабулар веќе нема место за стрес. Тука сите се чувствуваат прифатено и има место за секого што е за пример.

dsc_8797

Што би им кажала на младите Македонци кои сакаат и можат да учат?

Никогаш да не се откажуваат. Успехот со себе знае да донесе многу голема негатива од ниско-морални, завидливи или неедуцирани луѓе кои што веруваат дека местото не ти е заслужено туку ти е дадено дали ради позадина или некоја уште погрозоморна причина. Бидејќи многу така се задоени и бидејќи внатре се толку оштетени што колку и да се интелегенти тоа секогаш ќе им ја намалува нивната вредност. Тоа може да се искорени само доколку сме правилни амбасадори и проповедаме правилни вредности кон младите инспиративни и ветувачки генерации. Но за да бидеш лидер ти треба такво челичење. Треба да знаеш како да продолжиш кога цел свет те спушта доле и се чини дека сите шанси се против тебе. Некогаш не е лесно да се преживее, но силните евентуално стигаат до зацртаната цел. На крајот на денот трудот секогаш ќе се исплати. Затоа нека шират што е можно повеќе позитива, љубов, простување и поддршка и се ќе си дојде на свое место.

dsc_8671

Се чини дека за толку кратко време таму остави толку голем печат. Се појави на Амерички телевизии, држеше говори во Вашингтон пред многу важни луѓе. Која е твојата тајна? 

Патувањата и познанствата се волшебни доколку ги гледаш и доживуваш од правилен агол. Јас секогаш си ја рушам комфорт зоната и тука таа амбиција достигна едно ново ниво. Нема никакви тајни. Секогаш сум толку искрена и директна што на некои луѓе дури и им пречи затоа што се научени на поинакви „одоколу” муабети. Мислам дека многу се должи на тоа колку вложувам и работам на себе и на моите соништа без да ѕиркам во туѓите животи. И сметам дека тоа е најздравото нешто што можам да го направам за да си помогнам себе си. А со тоа доаѓа и големата одговорност за своите постапки и работна етика што многу луѓе не ја доставуваат и во пикот на нивната зрелост. Затоа што за тоа треба жртви.  

Што би порачала на Македонскиот народ во овие тешки времиња?

Македонскиот народ историски, редовно доживувал тешкотии, ситуациите не се нови. Ама ако можам јас, може и секој.

martah

Photos: Faris Alshehri, Abdessadeq Ourkiya, Mitesh Chakma Aleksandar Velov-photographs

прашања – Никола Ристевски, ЛОЗА 2016

Martina Dimoska

претходно – Последниот од квалитетните нека изгаси ламба на излегување (интервју септември 2015)