Saturday, 19 August 2017

Големиот геоглиф во Овче Поле

DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Користењето на комбинации од ѕвезди на небото и големи градби на земјата за симболички да се укаже кон значајни моменти во историјата често биле користени во антиката, како што опширно документирав во мојата книга од 1998 – Heaven’s Mirror. Навистина, примерите на такви небесно – земски огледувања, откако ќе бидат правилно разбрани, често откриваат ново светло во археолошките истражувања. На пример, во 2014тата, древна тумба во Република Македонија преку археоакустични анализи беше идентификувана како направена од човечка рака. Димензиите на оваа градба се 85 х 45 метри, многу прецизно е ориентирана север – југ и на неа се наоѓа џиновска слика која од истражувачите од Универзитетот во Трст беше определена како слика на соѕвездието Касиопеја, која што се отсликува точно на роденденот на Македонскиот владетел Александар…

graham hancock macedonia geoglyph

извор:

magicians-us-500px

По истражувањата во два наврати во март 2014 година, кои што беа први архео – акустични мерења во Република Македонија, меѓународниот научен тим на Super Brain Research Group објави три научни трудови во светската научна литература. За нивната научна работа пишуваше и Graham Hancock во книгата Magicians of the Gods. Научниот тим на Super Brain Research Group сеуште чека покана од македонските институции за да го комплетираат истражувањето со употреба на софистициран гео-радар.

geoglyph-cassiopeia

Abstract – Овој труд го проширува нашето претходно истражување на вештачката тумба во Канда (Македонија) од археострономска гледна точка. Во двата претходни текстови, SB Research Group го објасни археоакустичното истражување и утврди постоење на неколку подземни шуплини, најверојатно погребни простории, кои се наоѓаат внатре во тумбата. Оваа тумба преставува огромна земјена градба, која на површината содржи две концентрични, приближно овални рамки и огромен геоглиф во средината, кој ја претставува огледалната слика на соѕвездието Касиопеја. Преку анализа на симболиката на Македонската кралска династија и преку датирање со методот на прецесија на рамнодениците, утврдивме дека геоглифот прецизно покажува на роденденот на Александар Македонски. Прецизното порамнување на Сонцето кое изгрева, Касиопеја и геоглифот на роденденот на Александар Македонски во 356 година п.н.е., укажува на тоа дека геоглифот содржи нешто поврзано со него, можеби неговиот гроб или гроб на негова блиска роднина.

Keywordsgeoglyph, Alexander the Great, archaeoastronomy, archaeoacoustics.

Archaeoastronomy at Kanda geoglyph, Macedonia