Tuesday, 20 October 7981

Лабин и Дојрана – македонски балет од 1958

„Лабин и Дојрана“ — балет на македонскиот композитор Трајко Прокопиев. Премиерно бил изведен на 11 јуни 1958 г. во Македонскиот народен театар во Скопје.

Главни ликови во балетот се Лабин, Огнен, Дојрана и нејзините сестри самовили.

Лабин е младо момче кое свири на кавал на брегот на Дојранското Езеро. Со него е неговиот другар Огнен. Примамени од волшебниот звук на кавалот, од езерото излегуваат три сестри, самовили. Кога Лабин ги здогледал се воодушевил од нивната убавина. Знаејќи дека волшебнатамоќ на самовилите се крие во нивните наметки, тој им ги зема. Кога самовилите почнуваатда ги бараат, се среќаваат со Лабин. Во тој миг, меѓу Лабин и Дојрана, една од сестрите самовили, се раѓа взаемна љубов. Лабин им ги враќа наметките, но ја задржува наметката на Дојрана. Таа останува да живее со него. Времето поминува. Огнен, другарот на Лабин, се подготвува за својата свадба. На свадбата се поканети и неговите пријатели Лабин и Дојрана. Сите ја молат Дојрана да го заигра самовилскиот танц. Лабин и ја подава наметката. Дојрана започнува со својата игра, и се враќа волшебната моќ и таа исчезнува. Сите се вчудоневидени…

%d1%81%d1%86%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bb%d0%b0%d0%b1%d0%b8%d0%bd-%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d1%98%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bc

Сцена од балетот Лабин и Дојрана од композиторот Трајко Прокопиев