Tuesday, 21 November 2017

ЗБОРНИЧЕ – мал Зборник за Овче Поле

Здраво живо, почитувани читатели. Во ова мало Зборниче во електронска верзија ќе можете да читате избор на текстови од стари книги во кои се споменува Овче Поле, исечоци од стари изданија на весникот Нова Македонија со статии кои го опишуваат животот во Свети Николе кон крајот на седумдесетите години на минатиот век, но и други текстови од различни автори. Поголемиот дел од извадоците од избраните книги се пренесени фототипно, онака како што ги имам пронајдено во разните библиотеки и архиви, скенирани од печатени книги или извадени од книги во електронска верзија, а малиот дел преведени делови на современ македонски јазик се со слободен превод и минимални измени од написите во оригиналните текстови. Повеќе информации за Овчеполската котлина ќе можете да најдете во моите книги за кои повеќе можете да прочитате на www.nikolaristevski.wordpress.com и на страницата ЛОЗА – www.loza.mk. Во подготовка е големиот Зборник за Овче Поле и градот на Чудотворецот, па се надевам дека со овој мал избор ќе имате појасна слика за она што следува – Овчеполските книги на новото време. Да ни е жива и здрава Македонија и Господ нека ни е на помош.

fullscreen-capture-21-09-2016-015715ЗБОРНИЧЕ – клик за pdf

Никола Ристевски

Свети Никола, Овче Поле

Република Македонија

frontpage