Thursday, 17 August 2017

Богомилите и силата на создавањето

Догма: Во почетокот беше мртвата точка, а првичност беа силата на сотворението и силата на разрушението.

Богомилите учеле дека отпрвин постоел добриот Бог, којшто ја создал огромната вселена, составена од четири основни елементи – оган, вода, воздух и земја. Добриот Бог создал седум небеса во огромната вселена, и тоа било неговото царство. Божјото царство Бог го управувал со помош на својот син Сатанаил, познат и како Самаил, ѓавол и мамон, како и со помош на голем број ангели. По извесно време, Сатанаил го изневерил татка си: откако привлекол на своја страна дел од ангелите, решил да создаде свое царство на седмото небо, ветувајќи им на своите следбеници ослободување од тешките даноци. Но, Бог го открил заговорот. Сатанаил и неговите ангели ги спуштил на земјата, и ги лишил од короните, алиштата и венците. На земјата Сатанаил почнал да си гради царство: создал мориња и океани, наредил на земјата да растат растенија и да се одгледуваат животни, а во морињата риби. Откако го направил тоа, решил да го направи и човекот, кој ќе личи на него и ќе му слугува…

Повеќе за Богомилите на ЛОЗА (клик)

врз зглобот на десната рака, само кај Совршените Богомили