Saturday, 19 August 2017

Ѕе – окото кое гледа сè

Местото каде што одиме денес се наоѓа во непосредна близина на археолошкиот локалитет Билазора. Станува збор за навистина интересно и мистично место. Како на небото, така и на земјата сме опкружени со знаци кои ни се патоказ за иднината. Сега се наоѓаме на едно место кое го нарекуваат – ЅЕ!

Талкачи, МРТ 2011

Геоглифот на Google Maps

Фотографија од дрон - Фото Кис Свети Николе, 2016

Фотографија од дрон – Фото Кис Свети Николе, 2016

macedonian-geoglyph

фотографија од авион, 90ти години на минатиот век

Ѕе – окото кое гледа сè

Сега се наоѓаме во близина на селото Црнилиште, на воздушна линија многу близу од Свети Николе. Гледајќи ги мапите на Google, видов една интересна работа, за која кој сака нека каже дали е случајно или не (затоа што случајности веќе не постојат) – на север од ова место се наоѓа Кокино, а на југ се наоѓа рудникот Алшар. Кокино е една од најстарите мегалитски опсерватории во светот, а од Алшар уште од памтивек се вадел лорандит. Можете слободно да повлечете линија од Кокино до Алшар и на истата ќе го видите и ова место. Значи, ако се качиш на Кокино и гледаш на југ, да го видиш Алшар – ќе го забележиш ова место. Како што старите цивилизации на другата страна од светот имаат различни форми на земјата кои се читаат од небо, така и овде некој пред многу години ни оставил нешто за ние денес да го прочитаме.

Истражувајќи за ова место, наидов на една стара книга – Географија од Страбо. Таму пишува дека кај старото племе Беоти, другото име за пеонското божество Кандаон е Орион. Орион најчесто е претставен со лак и стрела, што е многу аналогно со оние криволаки Пеонци, споменати во Илијадата на Хомер, кои потекнувале токму од ова место. Интересно е тоа што двата збора Кандаон и Орион, се едно те исто – како што ние милуваме да речеме. Ова место – Канда, ме заинтересира и почнав да читам и индиски веди и митологии. Практикувајќи јога, научив дека за да протекува праната, чи, ки, свет дух – како сакаме да го нарекуваме тоа, значи за енергијата правилно да протекува по целото тело, треба канда да е отворена. Канда се наоѓа над првата чакра, Индијците велат дека ако канда е отворена, енергијата протекува прво преку неа. Има три такви главни точки, се викаат нади – една е хипоталамусот, каде нè апат поскоците, другата е срцето и третата е канда. Ако е канда отворена, енергијата може чисто да си протекува по целиот организам и по целото тело, и физичко и астрално, односно етерно. Интересно е и што во акадското писмо, односно асиро – вавилонското, името за Орион е Уру Ана, што значи светлината на рајот. Тоа е потполно аналогно со она што го кажа професорот Тентов за ова место – дека го симболизира Ѕе, првородениот син на создателот на светот и големата мајка на древните Македонци, НајЅе, најсветлиот, оној кој гледа сè. Значи, симболиката во Азија, далеку од овде и ова место ни кажуваат едно те исто – светлина, сонце, убаво.

Во нашите јазик и азбука сме ја задржале буквата Ѕ. Ѕе. Во книгата Розата од Вода од Едни Македонци древниот бог Ѕеус е објаснет како Ѕе у сè – оној кој ѕирка, гледа сè. Проѕир во сè, Овде зборуваме за светлина и темнина, или некој друг може да си го сфати како суета или суетлина и теменина, ова од горе што ни доаѓа, а Ѕе е средината или вистинската божествена чистина. Значи, нема ни бело ни светло ни сиво, туку е проѕир. Затоа и на малите деца, кога ќе нè погледнат во очи им велиме ЅЕ.

Никола Ристевски

Талкачи, Македонска Радио Телевизија

2011

Фотографија од хеликоптер - Наќе Батев, Вечер 2014

Фотографија од хеликоптер – Наќе Батев, Вечер 2014

Фотографија од авион - проф. Паоло Дебертолис, Super Brain Research Group 2014

Фотографија од авион – проф. Паоло Дебертолис, Super Brain Research Group 2014

p7194316

Фотографија од авион – Никола Ристевски, Super Brain Research Group 2014

DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Фотографија од дрон – Дуле Јанев и Никола Ристевски, 2016

DCIM100MEDIADJI_0009.JPG

Фотографија од дрон – Дуле Јанев, Фото Кис Свети Николе, 2016

Пет години по емисијата на МРТ, за геоглифот во Овче Поле се објавија три научни трудови, а за архео акустичните истражувања со напредна технологија на Super Brain Research Group, први од ваков вид на територијата на Република Македонија, пишуваше и Graham Hancock.

Доколку како генерација имаме можност да доживееме науката да го истражи она што го имаме под нашето тло, ќе посведочиме на радикални промени во светската историја и досегашните сфаќања и учења.

Никола Ристевски за геоглифот и древното Овче Поле – Македониум ТВ Сонце јуни 2014, Дневник МРТ јули 2014

повеќе за геоглифот на ЛОЗА (клик)