Thursday, 19 October 5623

Гоце Делчев за бедните турци во Овче Поле пред 120 години

…им предложив да отидеме со Гоце на Велигден во Кукуш. На Велики четврток тргнавме за Кукуш со коњи, по патот преку Овче Поле за Велес. Пред да слеземе во Овче Поле на височината еден стар турчин имаше изградено некаква колибка од кал и слама за да им подава вода на изморените и жедни патници, кои ако посакаа ги частеше и со кафе, за што добиваше по 10 – 20 пари. Во почетокот на Овче Поле минавме крај едно турско село, кое ни направи впечаток со својата мизерија – распарталено население, валкани дворови, куќи – колиби од кал и слама. А са господари – забележа Гоце и продолжи – Кажи ми кажи беден народе, кој те лула во таа ропска лулка? Дали мислиме дека тие бедни луѓе се во подобра положба од нас, и покрај тоа што се турци? Напротив. Сигурно и меѓу нив има некоја пијавица која ги цица, а тие си мислат дека Бог за казна им ги испраќа тешкотиите…Го поминавме Овче Поле, полно со безброј стада и се доближивме кон Велес…

Туше Делииванов – Спомени за Гоце Делчев

Одбрал, уредил и објавил – Никола Ристевски, Овче Поле 2016

Свобода или Смрт