Monday, 23 October 2017

Ѕе гледа сè – првата книга на уредникот на ЛОЗА

Како дел од конкурсот на Фондација Македоника и „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО – Воведување на талентираните млади автори во дигиталната издавачка индустрија, на веб – страната на Фондација Македоника, која до сега има објавено над 700 книги во дигитален формат и има повеќе од 40,000 читатели, беше објавена и збирката со проза и поезија – Ѕе гледа сè, прва книга на Никола Ристевски од градот на Свети Никола во Овче Поле.

dze
Пoтпишaнa е сo псевдoнимoт Серaфим Алексaндрoв и сoдржи текстoви и стихoви сo oкултнa пoзaдинa. Нaјчестo oпфaтени теми се живoтoт, љубoвтa и смрттa. Автoрoт е пoвлијaен oд мистичнoтo Oвче Пoле и мoжнoстa нa чoвечкaтa рaсa бaрем зa миг дa ѕирне пoзaди превезoт нa илузијaтa нa мaтеријaлниoт свет. Книгата може да се прочита на веб страната на Фондација Македоника или во огромната дигитална библиотека преку нивната апликација на Google Play Store.

линк до книгата (клик)

gledase

Никола Ристевски е роден во градот на Свети Никола во Овче Поле. Со високо образование се стекнува на Економскиот Универзитет во Варна, Бугарија, по што живее и работи во Варна, Сицилија, Колорадо, Софија и Скопје. Откако е вратен на родната грутка, повеќе од пола деценија активно го истражува Овчеполието и работи како публицист, научен асистент и гонзо новинар. Потекнува од стара Овчеполска фамилија, во која имало повеќе учители, па така уште од млади години чита и пишува на различни теми. Пишувал на повеќе веб страници и блогови користејќи различни псевдоними. Дел од истражувањата можат да се прочитаат на неговата страница www.loza.mk. Од пред две години е редовен член на интердисциплинарниот научен тим Super Brain Research Group, поддржан од Универзитетот во Трст, Италија. Ги иницираше првите неинвазивни архео – акустични истражувања на територијата на Република Македонија, по кои се јавува и како ко-автор на научен труд за истите. Во последните пет години има подготвено пет книги – Ѕе гледа сè (збирка на проза и поезија), Luminous Neutrino (збирка на проза и поезија на англиски), Имагинариум (авторски текстови), Градот на Чудотворецот и Овче Поле (зборник од научни текстови за Овчеполието) и Прирачник за авантуристи кои сакаат да го посетат Овче Поле (џебно издание на македонски и англиски), кои се во подготовка за издавање.

читај – Овчеполската Бела Зора и новото сонце на слободата (интервју со Никола Ристевски)