Monday, 21 August 2017

Чиракот, калфата и мајсторот

Кога кандидатот ќе биде примен во масонската ложа, неговиот статус на Ученик се претставува преку необработен камен, првиот од комплетот од три симболи, кои Занаетот ги нарекува Трите неподвижни скапоцености. Необработениот камен е камен кој сеуште не е обликуван според потребите на градбата. Масонеријата го разбира човештвото како Храм Божји, а очигледниот резултат е токму оној што се бара, а тоа е од кандидатот да се очекува да го користи сопственото животно искуство за работа на себеси и да се направи себеси камен соодветно обликуван за да го заземе своето единствено место во тој Храм.

Алатките на Ученикот се чеканот, длетото и линеарот.

Со оглед дека симболизмот на Занаетот се проследува преку развојната психологија, разбирливо е што Вториот степен следи како резултат на напредокот постигнат во Првиот. Ова природно созревање кое се однесува на постепеното појавување на Сопството, во масонскиот симболизам се претставува преку поврзување на новиот Помошник со созреан клас од пченка. Ученикот кој е под контрола на долните делови на психата, а чиј што Помлад надзорник / Сопството станува веќе активно, созреал до степен во кој е подготвен да ги истражува подлабоките аспекти на неговите психолошки процеси. Работата на ова ниво се случува во делот на психата кое Занаетот го означува како Средна одаја, тоа е по многу нешта слично на она што Јунг го нарекува лично потсвесно, а што традиционално е познато како душа.

За разлика од алатките за делување на Ученикот, алатките на Помошникот – аголникот, либелата и високот – се алатки за проверка, а секоја од нив ја врши проверката според некој апсолутен критериум.

Тешко е да се објасни степенот на Мајстор масон, затоа што тој опишува психолошки процес кој во нашето општество се случува многу ретко, а и кога ќе се случи, тоа е толку личен процес, што само неколкумина кои го доживеале, се подготвени да разговараат надвор од ним блиските кругови.

Масонската легенда вели дека Хирам Абиф бил погребан во гроб три стапки источно и три стапки западно, три стапки помеѓу север и југ.

масони бревијар