Sunday, 22 October 2017

Македонката Хипатија – големиот научник од Александрија

Потрагата по македонското знаење од древната и славна епоха на Македонците нè води во ера на стагнирање и пад на развојната линија. Толку многу скршеници има во македонската историја што тешко може сите да се зацелат. Има толку изместени и испревртени записи во сите сегменти на постоење што треба сѐ од почеток да поправаме и да ги ставаме на вистинско место. Зборуваме за точен распоред на податоци за едно логично толкување, онака како навистина се случувало.

Зошто? Од каде толкав страв да се поврзува древната историја со длабокиот корен на македонското тло? Од каде толкава хистерија за да се скрие и до крај да се замолчи македонското семе? Ќе дозволиме ли да нѐ замолчат со измислени прикаски кои со стотици векови насила ги примале нашите предци  за да нѐ  амнезираат?

Во историските книги има многу записи за одредени периоди на македонската голгота во кои ги откриваме прогоните,страдањата,безумните насилија врз цел еден народ како и врз најиздржливите и мудрите претставници пострадани за македонската вистина.  Еден прекрасен пример на таква личност е  Хипатија.

Хипатија ја нарекуваат најумната жена од античкиот свет. Платон во тело на Афродита. Во биографијата ја бележат  како римска или грчка жена. Но таа не е ни едно ни друго, таа  едноставно била македонски прекрасен цвет на египетска Александрија.

hypatia

Хипатија (370-415) се родила и живеела во Александрија. Потекнува од научно семејство. Нејзиниот татко Теон бил многу образуван,познат математичар,астроном и механичар од тоа време. Тој е  последниот библиотекар на Александриската библиотека,последниот раководител на Александрискиот „Музеон“, храмот на Музите. Музеонот не само што бил училиште за уметност и наука со голема и долга традиција,туку и живеалиште на Теон и Хипатија. Музеонот во тоа време имал значење на Универзитет,место на жива култура,на жива река на спознавање.

читај – Хипатија од Александрија (клик)

Олга Новачева, Знаците на Македонизмот