Friday, 19 October 3860

Браната Мавровица во Овче Поле

Во централниот дел на Македонија, поточно на р.Мавровица, на 6,5km возводно од Свети Николе, изградена e земјано – насипна брана. Браната е лоцирана на 41*54’N и 21*59’E возводно за 25,5 km од влив на р.Мавровица во р.Брегалница, при што е оформена акумулација позната како Акумулација Мавровица. Висината на браната изнесува 26,0m а должината при круната изнесува 360m. Горниот дел од сливот на р.Мавровица која го полни езерото, е со југо – западна експозиција на простирање, а пред вливот сливот има јужна експозиција, чија највисока точка во сливот е на кота од 874masl, врвот Асаница. Сливот е сместен на северо – западните падини на Планината Манговица. Сливот на запад граничи со сливот на р.Маџарица, на север со р.Анска, а на исток со сливовите на р. Белошница и р.Немањица.

акумулација мавровица езеро

Акумулацијата има должина од 1,3km, а нејзината најголема широчина достигнува и до 470m. Езерото при кота од 378 мнв зафаќа површина од 0,32km квадратни, и има вкупна зафатнина од 2,80*106m кубни. Оваа акумулација формира акумулационен простор, со корисен волумен од
2,50*106m кубни, кој овозможува преку систем за наводнување обезбедување на вода за наводнување на дел од полето околу Свети Николе.
Подрачјето каде е лоцирана Акумулацијата е под влијание на умерено – континентално – субмедитеранската клима. Овде е изразена посебна локална клима со континентално влијание од север и осетно ослабено медитеранско влијание од југ, пред се поради орографските карактеристики на планините од јужните делови на Македонија, кои спречуваат директни продори на топли и влажни воздушни маси од медитеранот. Поради тоа овој дел од централна Македонија има мали просечни сумарни количини на врнежи и помала релативна влажност на воздухот во однос на другите краишта на Македонија. Пределот се карактеризира со сушни периоди со суви ветрови кои влијаат на вегетацијата и сушењето на почвата. Во горните делови од сливот е застапена ниско – стеблеста вегетација и има појава на деградирани шуми. Просечна годишна температура на воздухот изнесува околу 12,8*С, најтопол месец е јули со средномесечна температура на воздухот од 23,0*С, апсолутните максимални температури на воздухот се движат околу 40,0*С, додека апсолутните минимални температури на воздухот достигнуваат и до -20,0*С. Годишниот број на летни денови се движи во граници од 116 денови, додека бројот на мразни денови изнесува околу 74 денови. Карактеристика за ова климатско подрачје се малите количини на врнежи кои изнесуваат во просек околу 450mm.Најврнежливи месеци се ноември и мај.

текст – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

(продолжува – видови на риби во Мавровица, локалитети под и околу Мавровица, што ни фрли НАТО во браната, итн…)

Избор фотографии од #ФотоЅЕ

DSC00699 DSC00700 DSC00701 DSC00703 DSC00705 DSC00706 DSC00707 DSC00708 DSC00709 DSC00712 DSC00713 DSC00714

читајте:

Хидрографија на Овче Поле

Карпестите форми на планината Манговица

Свети Николе сакаше да го тужи НАТО