Thursday, 17 August 2017

Облеката во времето на Марко Цепенков

Терзисќио еснаф ет со четири имиња; чоаџиски, абаџиски, аз’рџиски, ихчиски или кафтанџиски.

Чоаџиите шијат алишта само од чоа, само за Турците. Во тоа време имаше чоа: карпус чоа, шкодранска чоа, ло(н)дон, терција. Од карпус чоа и шкодранска шиевме долами на Турците и потури, чапќени, а од лондоно и друзи му шиевме абдесл’ци, шалвари, минтани, казеќии и др.

Чепќените, потурите, доламите, минтаните, казеќиите ’и везевме и со срма. Гајтаните идеа од Калофер и од друзи градови. Ибришимо од Сер ни идеше, конци ни идеа од Трабозан и друзи од битолцќите Евреи.

Мајсторо седи крснозе пред тезѓето и од другата страна на тезѓао седат калфите и шијат. Коа ќе зема мера мајсторо на некој чоек за да му крои алишта, мерата ќе му ја зема со черпијата: ќе му ја клаи черпијата на врато и ќе ’а пропушти наудолу до кај што сака чоеко да му биди долго алиштето. На крајо од черпијата има едно куршумче за да тежи надолу и ќе ја мери черпијата нa ендезето колку е долго и широко алиштето и ќе бележ со тебеширо и ќе му удри черпијата да се бележи.

Сопрво чоата што ќе се кроеше ќе ја напрскавме со вода и откоа ќе ја попиеше водаа, ќе ја утелеисавме за да се собeрi колку што треба и после ќе се кроеше алиштето. И откоа ќе се сошиеше или навезеше (цвеќињата) и ќе се сошиеше гајтано, ќе се утелеисаше со големата утија. На утијата ќе му се клаи басаџако згора за да не му гори ногата од жешката утија, и така ќе се бастисаа гајтаните и цвеќињата, та после ќе се каплаисуа алиштето со астар. А пак тугаџако се служи да се ваќа утијата и да се бриши од пепелта, а најпоеќе за да се ваќа малото утуивче, чунќи целото се закопуаше во огно за да се стопли (чунќи во старо време немаше пампор-утија што да се топли однатре, као што има сега).

Као што има целото алиште име, така имаат сите части на алиштето имиња: прво арката (плеќите, грбо), јуноите (полите), колтуците, ракаите, черќезите (на крајо на ракаите) и ојмите (кај што се запетлуаат ракаите).

На потурите пачал’к се викаат ногајците, озгора дури удолу, а на долнио крај се викаат тозлуци, по наше пртеници; стредината ѓотлуко и др.

Као во терзисќио занаат што му се имињата на алиштата и на алатите сѐ поеќе на турсќи, така и во поеќето занаати сет имињата сѐ поеќе на турсќи, као што ќе видите од описанитe понатамо.

За колтавата – штица за во ракаите се пикнува за полесно да се утелеиса.

Дуќаните на чоаџииите сет со широќи рафтои, кај што му стои готоата стока и поставите од чоа.

На потурите клаавме учкури од ѓезија. Ѓезијата ни идеше од Сер. Срмените гајтани што ’и шиевме на чепќените и на тозлуците од потурите ни идеа од Беч.

obleka 2Чоените алишта се праеја поеќе аз’р готои, ошто нарачани. Поеќе се продаваа на вересија, ошто со пари нарака; ваде се клааше со Крстоен, до гумно и по гумно. Ретко имаше Турчин да не плати: или пари ќе даеше или жито на гумно.Арно ама, од ден на ден Турците поиспаднаа и не можеа да купуаат чоени алишта; и ако купеше некој – не ’и плаќаше, и заватија да не веруаат и да не му даваат на вересија. И му се свртеа на шајачните да носат, чунќи сет поевтини, а пак најпосле ватија да носат беневрези (танок шајак ткаен со инт и волна). За многу евтина цена, наместо чепќин, носат фермеле со волнени букмиња.

Сега поеќето Турци сет облечени со алишта што да чинат до сто гроша, коа напре(д) беа облечени по илјада грошеи и више. Ретко има Турци облечени као напре(д) – сѐ во чоа и во срма. Сега позаможните и поучените што сет во конако сет облечени сѐ во вренцќи алишта, од казмир и шајаци.

Имињата и видот на неколку алишта турски

Доламите се носеа во постаро време поеќе од карпус-чоа, од мораа чкодранцка чоа и од модра чоа. Везани со бјукмиња копринени, и дедни прошарени и со срма. Едни имаше везани само со срма. Од рамото до лакото ракаите сет отворени за да се вада(т) рацете надвор и ракаите да висат ододзади за салтанат да продаа. Исто така сет отворени ракаите од чепќено. Чепќените ’и носеа во старо време везани и со бјукме и со срма шарена и само со срма везани. И најмногу носеа бели в’стани од асе со две-три стотини бочки, а поретко носеа потури.

Фермелето го носеа и тоа со в’стан и со потури. Шалварите ’и носат евендиите и оџите. Шалварите и абдесл’ко сет шиени без бјукме и гајтан, саде ѓузел, само по еден теѓел по диќишите и наоколу.

obleka 3Азарџискио еснафИ аз’рџискио еснаф беше силен во постаро време. Од аз’рџиите алиштата сет шиени од шејтанбези (од Турците наименуа(н) плато ѓаолцко платно). Шејтанбезо идеше од Немечко. Му го продаваа трговците на еснао со шес месеци ваде и дури да се доплатеа одеше и една година.

Готоите алишта сет неколку чешита: елеци машќи и женцќи, минтани машќи, з’бани женцќи и антерии женцќи. Астаро му се клаваше од слабио американ.

Сите алишта сет наврлени со бубаќ, шиени со трабозанцќи конци и со битолцќи и опточени со гајтани од Сливен и од друго место. Сошиените алишта се наредени во рафтои напраени спроти големината на алиштето.

Топоите од шејтанбезо се наредени на две ортомчиња, напраени како врзми на дирекот од дуќано за да се гледаат од муштериите и да си бендисуаат, та (да) си купат.

Готоите алишта се продаваат најпоеќе на селцќите Турци околу Митроен, коа ќе се приближи студеното време и најпоеќе со почек.

Како и чоаџиите, абаџиите, така и аз’рџиите.

Аз’рџиите не праат само за големи мажи и жени, ами праат од сто години дури до една година дете машко и женско.

Френски терзија (кројач)

Околу шеесе години има коа се облекоа трима ерѓени во Прилеп во вренцќи бели пантолони и црни сетриња. Тие беа Коне Кусев, Панду Коста Ника Влав и Ѓорче Томов (или Вердупча). На прв ден на Велигден дојдоа на оро (на собор) и коа ’и видоа децата, страшен повик викаа по нив. И на сите викотници и шеѓи што се шегуа(а), тие си ’и носеа алиштата. И полека-лека во тоа време ватија големците, бегоите и забитите да носат вренцќи алишта. Првиот вренк-терзија беше мајстор ми Тимион чоаџијата, а пак ја бев првио калфа при него што ’и шиев вренцќите алишта. И по неколку време никнаа кој од Битола, кој од Крушоо и сега имаше неколку дуќани наши прилепчани.

Вренцќите алишта што се праат, поеќето се праат од шајаци домародни и помалце од казмири. Се носат: пантолони, елек (џелетка), палто, сетре, капут, џаќет, пердису, минцикоф и друзи.

Терзиски еснаф ихчиски, кавтанџиски или работници

Многу малку имаше ихчии у нас. Ихчиите немаат ништо во дуќаните, во рафтоите држат туѓи алишта, кроени или сошиени.

Ифчиите си имаат по неколку куќи од граѓаните што му шијат за домашните алишта што носа(т), чунќи граѓаните Бугари, Власи и друзи не носат од аз’рџиите готои алишта. Коа ќе му треба некому алишта да си шие, ќе појди при ифчијата на дуќан и ќе му земи од базриѓаните зајре: илаџа (шарено), маница, басма, чоа друзи аржои што му треба и ќе му сошие. Ифчиите знаат да шијат и чоа, и шајак, и шејтанбез, и џамфес, и куразе, и бечка кутнија и домашно самоткаено. Во ифчиите има многу калфи и шијат најарните алишта за свадби: Откао ќе му ’и сошие терзијата алишта(та) на муштеријата, ќе му ’и прати со чирако дома и по време ќе си вида(т) есап и ќе си плата(т). Коа го викаат терзијата дома да крои за свадба, едно клаање ножицата со прво да пресечи, откоа ќе се прекрсти и ќе речи: „Ајде со здравје да се носат алиштата, да се ќердосаат и кај што треба да се врати“, ќе стегни со ножиците кумашо за да го пресечи и нема да го пресечи, чунки ѓоа не биле точени ножиците. На тоа згора ќе му врла пари на терзијата за да ја наточи ножицата, ѓоамити, демек, спроти адето што имаме, треба бакшиш да му се даи на терзијата.

Имат терзии што немаат дуќани и си шијат дома. Тие терзии ’и викаат по куќите дома да му шијат, поеќе за меремет се викаат тие терзии, чунќи не сет многу мајстори. Таквие терзии одат и по селата да му шијат алишта на селаните. Неколку села околу градо Прилеп мажите носат шајачни алишта: салтамарки, кувчиња, бечви, казеќии и пртеници; а пак жените носат коа грацќите жени во постаро време носеа џубиња, антерии и елеци. На глаа носеа серешќи шамии и со унечќи препасани. После заносија чкуртелии, в’стани и салтамарки. Тие села сет околу градо многу близу, како селата: Селце, Леништа, Плетвар, Дабница, Варош и Заград. Во полето пак мажите носат алишта поеќе од бел шајак. Ресачќи, џамадани, бечви, пртеници и в’стан кошули во летно време, и на глаите носат чалми поеќе од бели крпи, помалку носат црни чалми. Во постаро време конци за шиење шајачните алишта си сучеа жените дома и вапсуаа со бак’и.

Ифчиите што одат по куќите и по селата алатите нивни му се: иглата, напрстоко, ножица, ендезето и јадицата, а пак ифчиите што работат по дуќаните си имаат тезѓе, колтафта, утии и басаџак.

Полсќите жени носат везени кошули се’ со алоо предено. Алиштата му се поеќе од бел шајак, дома ткаен.

Селата што се околу градо Приелп, како што ’и кажавме, алиштата што носат мажите сет од црн шајак, дома ткаен. На нозете носат пртеници, обуени сет со бечви, облечени со кувче, или куско да се кажи, чунќи е до под колена. Озгора облечении сет со казеќија, а пак на добар ден али на свадба облечуаат ресачќи. Шајако од ресачќите е многу јак и од опачината е со реси, та затоа се викаат и алиштето ресачка. Во старо време секој не можеше да си напраи ресачка, чунќи скапа му излегуаше, та коа се женеа ерѓените си сакаа на заем од тие што имаа за дури да оди по невеста и после му ја враќаа на стопано.

Талаган го носа(т) во зима, преку сите алишта облечен или наметнат и јакучката на глаа си ја клаваат, да не му врни дош на глаата.

obleka 4Абаџиски еснафИ абаџискио еснаф беше силен во постаро време. Шајаци за работење од друго место се носеа и се купуаа; купуаа и од Крушоо, чунќи Влаинќите во Крушоо немаа полска работа, тиќи беа вдаени само на ткаење шајаци и плетење чорапи. А пак нашите прилепчајње при сѐ што работеа полцката работа, полека-лека се завзедоа на ткаење, не само на шајаци, ами и друзи многу работи: платна унечќи, секакви ќилими. И после стана Прилеп цела фаврика. И сичката стока што ја вадеа нашите абаџии ја продаваа. А па во панаирите коа беа у нас, сѐ што ќе сработеа жените, сѐ ќе го продадеа. Неисе, тоа би и помина.

И мајсторо абаџија седи до терз’чето и околу него калвите шијат: готои алишта и понешто нарачано, како: јамурлук, минтани, џамадани, бечви, чакшири, пртеници и др.

Сите алишта ’и шијат сѐ со гајтани; коцните јуручќи и битолцќи. И абаџисќите алишта се продаваа поеќе на Турци ошто на рисјани, и тие сѐ со почек до гумно.

Ќурчии. Лисичарски еснаф

Лисичарите освем што купуаат од чаршија кожи од лисици, од волци, од јазоец, од видри и од друзи животни, купуаат од Прусија од трговци и после ’и работат во Прилеп и ји праат на тафти, за едни да ’и продаваат во градо, а пак друзи да ’и носат по панаири да ’и продаваат. До колку испорци ќе паднат по селата сите ќурчиите ќе ’и купат, и ќе ’и сработа и ќе ’и напраат на тафти (даски), готои, та коа му иди муштерија да му каплаиса алиште, да му се готои тафтите од испорците; белите се клаваат одзади на алиштето и оспреди у се клаваат ја од лисица, ја од самур, кој какво сака си клава; а пак некој си ја каплаисуаат на полите со тафта од црни испорци.

Неколцина трговци има што работа стока од Лајпциќ, а поецина работа(т) со наши лисици и друзи кожи.

Кои алишта се каплаисуаа: џубе, сако, абдесал’к, салтамарка, казаќија, ќурче, капут и друзи.

obleka 5
Ифчии и крпачи

Како што има ифчии и крпачи во еснафот од терзиите, така има и во ќурчиите. Ќе му се однеса алиште на ифчијата да го каплаиса и ќе купи стопано од алиштето каква каплама сака и ифчија само ќе го каплаиса и елаќи ќе му ги земи, а пак за тавтите на тргоецо ќе му и’ плати. И у тргоецо, ако оди чоек да му каплаиса, и тој ќе му го каплаиса, чунќи и тој има калфи што му работа лисите и испорците.

Има ифчии и од кожуарите што работат на ѓундел’к. Коа нема работа еден ѓундел’кчија во пазарен ден седи на некој дуќа али пред некој дуќан и ’и крпи на селаните кожуите и се рани со крпачл’ко.

Прилепските еснафлии во постаро време, освем што работеа на занаато, работеа и по поле, као: тутун, разијане на исполица; царевка копање, леи работење, жниење и во последно време афиони работење. А пак најблагите дни за нас прилепчаните беа во панаирите коа беа у нас. Тогај беа развиени сите еснафи, како земјата во стред месец маиа; а пак сега сет прилепсќите еснафи замрзнати, као во стред месец коложег.

Кожуарскио еснаф

Кожуарите не купуаат стока од друго место, сичките кожи си ’и купуаат од градо и од селата и ји штавуваат дома и си праат кожуи од секаков бој, та му ’и продаваат на селаните кај Митроен, а најмногу пред Божиќ; ретко му даваат на вересија, чунќи во тоа време селаните сет со пари.

Со прво кожите ’и тураат да киснат во вода и ќе ’и остружат за да се очистат од крвта и од мезрето, после ќе ’и штават со сол и трици; и откоа ќе ’и изваат од штава ќе ’и спрострат да се исушат и после ќе ’и престружат на струг и ќе ’и обелат као книга и после ќе си кројат: кожув, кожувче, женски кожув, елек и друзи. Кројат со едно дрвено ендезе, големо колку една најголема педа – околу 25 сантима. Ќурчисќите ножици сет врвлести као од абаџиите. Имаат и едно многу остро ноже, чунќи сѐ поеќе кроат со него. Иглите му се со три врвои. Конците што ’и чатисуаат кожуите се домашни од лен, многу јаќи, а пак вренѓијата што ја шијат со бубаќерни конци, модри и бели.

(…)

На алиштата имињата и на кројот имињата на секое парче

1. Антерија

obleka 6Антеријата ет едно долго алиште што ја ноаст и мажите и жените со 5-6 парчиња:-Пешои (предници).
-Јунои на арка – предното и задното платно (стан).
-Тиризи – од подмишки надолу (бочници).
-Колтузи – под ракав, четири парчиња долу потесни и горе пошироки.
-Енек ои – кога не втасуа шејтанбезо (ѓаолцкото лицо или по наше шарено), за да дојдат тамам токмо ракаите, се клаваат за да дојдат токмо колку што сакаат (енек-оите се еклеисуаат на ракаите; еклеме – залепено парче со парче). „Мајсторе, куси сет ракаите на антеријава“ – ќе рече калфата. – „Клај му еден енек, еклиисај ’и да ти се здолжат“ – ќе му речи мајсторо.
-Ракаи
-Ојми – кај што се клаваат петлиците.
-Черкез, над раката лежит крајот од ракаот.
-Јаката (корило)
-Џебои
-Ертемеџи (цепои).
-Тиризите со колтуците кога се шијат едно со друго се вели јаш’рма.
-Бентои – гајтанчиња за врзуање пола со пола или пеш со пеш.Оспреди и по крајо на ракаите му шијат едни антерии крма ете така од бикме копринено шкодранцко.

Имињата на шијачката на антеријата

Откога ќе се кроит со прво шиење, се вели чатма. Астаро шиење: патлаисуање. Ако има бубаќ за да се клава, се врла: наврлуање се вели. За бубаќо да се сошие: сајљама се вели. За околу наоколу шиење: шуал се вели. До шуало му шијат тегел, по селцки зад игла се вели.

2. Минтан каушма

obleka 7Минтано ет кус до појас, со бубаќ или без бубаќ, тој се вика каушма (со преграда).

3. Минтан џамадан

obleka 8Минтан џамадан, приличен на чоен, на полите имаат: чичек (цвеќе) и с’чандиши од бјукме покрај гајтан (од глушец заби).

4. Салтамарка

obleka 9Салтамарка (по селцки гуњче, а по битолцки сусо). Салтамарка бидуа и од чоа и од друго. Таја се носи неопасана. Ракаите и’ сет рамни и долзи до кивчица и покуси. Салтамарката пресечи му од ракао од зад ојма како на минтано и антеријата и веднаш името ќе го измени од салтамарка на казекија.

На салтамарката и казекијата ако му ’и пресечиме ракаите, ќе го мени името тутакси: фермеле ќе се речи.

5. Абдесл’к или ќурк

obleka 10Абдесл’к се вика тоа долго алиште чоено или шајачно кога не ет каплаисано (постаено) со ќурк (со кожа).

На абдесл’ко чоен името на шијачката: со прво шиење – френгија. После ќе се арашлаиса (оздола подрамнуење). После ќе се илдиса (подведи, подвитка) наоколу и ќе му се сошие тегел

Оздола ќе му се клаит синџав астар за да крепи.

Одспреди ќе се клаит: давк од гезија црвена или друго за да личи и да крепи.

За шајачно абдесл’к со прво шијање ќе се вукилеиса одопаку и после ќе се сошие вукија од лице чапраз. Околу му клаваат гајтан и преку гајтано од опаку чоа еден ремен. Од еднио крај чоата се шие френгија, а од други неврт.

6. Тозлуци или пртеници

obleka 11Тозлуците сет чоени или шајачни. Се викаат фенери, копци, каршил’к.

7. Потури или бечви

obleka 12Потури имат два соја: бир ѓотлии и ики ѓотлии (со еден газ и со два). Со еднио газ сет тесни и куси во ѓотлуко (во подгазо, кутело), а ики ѓотлиите сет долзи и уште и шалвар потур.

На потурите абир ѓотлии ако му ’и пресечиш пртениците, ќе се наречат бечви – ако се шајачни, ако се пак чоени – шалвар потур.

8. Чепкен или копаран

obleka 13Чепкено ет чоен со многу гајтани по дикишите (рабоите) и околу наоколу. На чепкено ракајте и се облекуаат и се слекуаат одзади да висат.

Копаранот ет шајачен и тој со многу гајтани како чепкено, цвеќињата на чепкено сет од бјукме (сукано) копринено, а од копарано од колачиња гајтанени.

На чепкано ако му пресечиш ракаите, ќе го мени името од чепкен на фермеле.

Чепкино без ракаи остануа фермеле вака.

obleka 14

Извор: Марко Цепенков, Материјали и литературни творби, книга десетта, Македонска книга & Институт за фолклор, Скопје, 1980. (Редактирал: Блаже Ристовски)