Thursday, 17 August 2017

Заљубил јунак три девојчиња

Заљубил јунак три девојчина,
Првата беше от Жито-поле,
Другата беше от Винo-поле,
Треката беше от Овче-поле.
Таја што беше от Жито-поле
Пуштат допуштат книги за книги,
Книги за книги, абер по абер
Како да знаит моето лудо,
Како да знаит, бргу да доит,
Му се родило многуно жито;
От секое снопче кило ченица.
Таја што беше от Вино-поле
Пуштат допуштат книги за книги
Книги за книги, абер по абер
Како да знаит моето лудо,
Како да знаит, бргу да доит,
Му се родило многуно грозје,
От секоја лоза по товар грозје.
Таја што беше от Овче-поле
Пуштат допуштат книги за книги
Книги за книги, абер по абер,
Му се родило многу живинка,
Секоја овца по две јагнина;
Му се родило м’шконо дете,
Кум да си викнит, да си го крстит.
Виде не виде, нигде не појде,
Туку си појде, дете да крстит.