Кои беа илинденските масони?

Денес не располагаме со доволно податоци за контактите на масоните од кругот на овој голем мајстор со Македонските револуционери, чие главно врталиште во тоа време беше Солун. Нивните идеали за слобода, братство и еднаквост до милиметар се поклопуваат со познатите масонски пароли. Солун е местото во кое заради оддалеченоста од Цариград, можеше послободно да се развива конспиративна дејност, често под заштита на европската дипломатија. Солун е местото каде што македонските револуционери се состануваат, го основаат ТМОРО, каде што Гемиџиите вршат атентати, град во чии зандани гнијат македонските патриоти.

Можно ли е една од врските меѓу нив и младотурскиот револуционерен комитет на Карасо да бил битолскиот Евреин Рафаел Камхи, лице кое е соборец на Ѓорче Петров, Ѓорѓи Сугаре, Даме Груев? Неговата биографија е преполна со интересни детали, како што е овој:

Во екот на депортацијата на Евреите од Солун во 1943 година, на списокот се наоѓа и бројот 41367, Рафаел Камхи. Претставниците на Македонскиот Научен Институт, на Илинденската Организација и на Националниот Комитет на Македонските Братства (меѓу кои има многу масони), сите од Софија, успеваат да се наметнат кај бугарскиот суверен, царот Борис Трети, така што тој лично интервенира и такаречи го симнува Камхи од возот упатен кон логорите на смртта.

Сличен настан има кога бугарскиот цар го помилува гемиџијата Павел Шатев, а по интервенција на масонот Симеон Радев.

Едно е сигурно – дејноста на македонските револуционери не можела да остане непозната за солунската масонерија, ниту пак неинтересна, ако се знае авторитетот и силата на македонското револуционерно движење во тоа време. Но, кои беа Илинденските масони?

Бревијар за древното братство, Јован Бригиски, Култура


 

Leave a Reply