Хронологија на развојот на археолошкиот локалитет Билазора

Истражувањата на акрополниот дел на Билазора открија низа наоди погодни за решавање на хронолошките прашања. Меѓу другото, овозможија документирање на основните развојни етапи или фази на употреба на дадениот простор. Во таа смисла, евидентно е издвојувањето на различните културни хоризонти, поточно, различните урбанизации и различни организации на животот во различни периоди од историското суштествување на Билазора.

Врз основа на вертикалната стратиграфија и синхронизацијата на културните слоеви на целиот простор на акрополот, можат да се издвојат четири културно – историски фази, како основни етапи на употреба или развиток на Билазора:

Фаза 1 (VII-V век пред Христа)
Фаза 2 (од втора половина на V – до средината на IV век пред Христа)
Фаза 3 (од втората половина на IV век – до 279 г. пр. Христа)
Фаза 4 (од 279 – до 168 г. пр. Христа)

Ваквата хронологија мошне цврсто и јасно e документирана низ сите сегменти на археолошките истражувања.

Досега е откриен голем дел од акрополот на Билазора, а годинава се работи на откривање на градби во западниот и јужниот дел на платото.

превземено од www.bylazora.mk

bylazora logo

Leave a Reply