Хидрографија на Овче Поле

Котлината Овче Поле изобилува со многу големо количество на вода, која во последните децении сè повеќе се повлекува под земјата, а плитките подземни канали се полнат со многу атмосферски води поради обилните дождови во последните неколку години. Народот вели – земјата не може да ја додрже водата, па така и на високи ридови скоро можевме да видеме вода како сама излегува од под земјата, а преку летата по секој обилен дожд полето следниот ден беше суво, поради зголемената сила на сончевите зраци.

Procopius the Righteous is praying of unknown navigating - Nicholas Roerich 1914
Procopius the Righteous is praying of unknown navigating – Nicholas Roerich 1914

Променливите временски услови влијаат на нерамномерната распределба на годишните количини на дожд, како и на колебливите извори, од кои денес повеќето не се ни препознаваат. На нестабилноста на водите влијаат и термичките особини на Овче Поле. Ниските зимски температури предизвикуваат акумулирање на атмосферската вода, што е причина за ниската зимска и високата пролетна сила на изворите. Високите летни температури предизвикуваат големо испарување и го намалуваат понирањето на атмосферската вода. Во летниот период многу послаби извори буквално пресушуваат, а на есен водата повторно се враќа во коритата. Преку зима знае и да замрзне, па затоа сеуште народот памти за водопадите кои се појавувале само во определени кратки периоди од годината.

Хидрографски, Овчеполската котлина припаѓа на сливот на реката Брегалница. По новото прекројување на општините во Република Македонија, на Општина Свети Николе и остана само една кривина од Брегалница, онаа кај огромниот камен ѕид, јужно од ридот Богословец со врвот Свети Јован Богослов. Најголемиот воден тек претставува Светиниколска река, позната и како Азмак. Оваа река настанува од три краци – од Мавровица, Караташ и Бериш. Првиот крак избива во близина на селото Макреш, на надморска висина од околу 720 метри. Вториот доаѓа од кај селото Павлешенци, од околу 390 метри височина. Третиот избива во селото Малино на околу 380 метри. Трите водени текови се спојуваат во средишиот дел на Овчеполието, кај градот на Свети Никола, од каде по меридијански правец продолжуваат како Светиниколска река. Оваа река прима и неколку притоки – од лева страна од Немањици, Мечкуевци и Судик, а од десно текот кој доаѓа од Ѓуземелци. На пролет водите знаат да станат матни, особено по топењето на снегот, а во тој период се таложи и многу нанос во долниот тек. Поради долгогодишното управување со водите во Овче Поле на начин кој не е ни приближно до задоволителен, денес многу од старите вади, канали и линии по кои доаѓала вода или не постојат, или се запуштени и преполни со ѓубре, а оние малкуте во кои сеуште тече вода се оставени на милост и немилост. Долниот тек на Светиниколска река денес едвај може да се препознае, а немаме ни доволно информации за местата каде водите понираат и подземните канали по кои што се движат. Порано, Светиниколската река често знаела да се излее и да ги поплави атарите на селата Пеширово, Амзабегово, Делисинци и Ќоселери. Немањичка река го поплавувала атарот на Ерџелија, Мечкуевска околу Мустафино, а Судичка во атарот на Врсаково. При овие поплави освен тоа што се таложел многу нанос, коритата знаеле да се поместат и со неколку стотини метри. Иако не биле долготрајни, овие поплави многу влијаеле на она што денес има останато од овие водени теченија. Сеуште се паметат и гејзерите со вода, кои избиле при истражувањата за нафта и бушењата во поранешната држава.

Изворите во Овче Поле се различни, во зависност од геолошкиот состав, релјефот и климата каде што се наоѓаат. Различните локации го имаат определено и различниот вид на подземните води. Силни извори на вода има во атарот на селото Богословец – Средномаалски, Глава, Староселски и Чорбаџиски; силен е изворот Три Чешми во Трстеник, Орашката вода во Преод сеуште тече, иако цртаната чешма е растурена, во селото Алакинци се наоѓа изворот Бериш, Домуз бунар е во атарот на Горно Црнилиште, а еден добар извор на вода постои и во градот на Свети Никола. На многу места во Овче Поле водата се наоѓа под самата површина, на само два – три метри под тлото на кое газиме, но во многу од тие текови таа е или загадена, или ѓеренлива – поради составот на земјата. Послаби извори на вода има буквално во атарот на секое село, се хранат од мали површински водени теченија, и се со слаби водни жили. Овчеполските рекички кои ги снемува на лето и ден денес можат да се препознаат при внимателно набљудување. Преку летото послаб млаз на вода се задржува во Светиниколската река, која некаде на површината, а некаде како понорница, преку атарот на Аџибегово ја напушта областа и се влива во Брегалница, која понатаму тече накај Вардар.

Она што е познато на денешната генерација Македонци, е дека во последниот пола век, со современи машини за бушење е стигнато до значителни количества квалитетна вода. Дали Република Македонија ќе почне да се грижи за ова непроценливо богатство, и ќе им го зголеми квалитетот на живеење на граѓаните со тоа што ќе им овозможи да конзумираат чиста и здрава вода, останува да видиме.

Никола Ристевски, Овче Поле 2016

www.loza.mk

Злетовската река тече во границите на Свети Николското поленце се по полињата на неговата западна погранична височина, каде што го прима Светиниколскиот поток. Малку под Свети Никола таа излегува во сопствено Овче Поле, каде што тече преку северната му половина. Како и целата околина, долината на таа рекичка тука е лишена од дрвја и растенија; еден тесен раб од ливади и ниви од далеку го покажува местото на нејзиното течение. По неа се расположени повеќе Овчеполски села. Долината е ниска, а течението толку бавно, што преку летно време тоа претставува ред од вирови и мочурливи места. При селото Богословец таа ја процепува Богословската планина и излегува во долината на Брегалница, преку тесната и стрмна “Ѓаволска река“, така наречена затоа што според верувањето на локалните жители тој теснец бил отворен од ѓаволот. Овчеполскиот поток се влива во реката Брегалница под селото Рудник на 45 минути растојание од Штип, и и дава скромен обем на вода.

– Ѓорче Петров, Материјали по изучување на Македонија 1896

Од кулата патот се дели. Едниот оди право кон север за Скопје и Куманово, а другиот прави блага кривина кон запад за Велес и постепено се спушта, до средината на полето, каде што патот минува една мала рекичка, наречена Азмак или Орла. Таа се собира во височините на север од Овче Поле во земјиштето на големото село Свети Николе (Клишели во австриската карта). Преку полето тече многу бавно од североисток кон југозапад и за време на дождови околу неа се образува блато. Кај селото Х. Беклија се впушта кон југ меѓу ридовите и се влива во Брегалница. На запад почнуваат мали возвишенија и месноста станува брановидна. Ридовите на југ од полето се многу убави. Особено впечатлива е долината по која што реката се спушта кон Брегалница.

…патот бавно се качува по полегнатите ридови и криви се повеќе кон југозапад. Го минавме селото Урфалие, прегазивме мала притока на реката Орла (Орелска река) и дојдовме до селото Туртолие. Мина едвај четврт час од тоа последно село на Овче Поле, и почнаа да се гледаат Велешките лозја. Најпосле бевме над раскошната Вардарска долина…

– Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница 1894-1896

Поради раздорот во огромната Македонска империја, Пајонскиот владетел Аудолеон пред смртта се потрудил да го скрие богатството на овој древен народ. Се доверил на неколку од најблиските пријатели, кои искористиле заробеници за да ја поместат реката Саргентиос и да ги закопаат скапоценостите, книгите, технологијата и највредните нешта од ризниците во коритото на самата река. Потоа Пајонските војници ја вратиле реката во нејзиниот тек и ги убиле заробениците… (Диодор)

Познато е дека пред крунисувањето, Пајонските владетели биле ритуално капени во водите на Саргентиос. До ден денес е нејасно за која река станува збор…

– Богатството на Пајонија, Дедо Варадин – Лоза

читајте:

Водата во Свети Николе и жедта на Светиниколчани

Базенот во Свети Николе

Чешмите во Овче Поле (прв дел)

Чешмите во Овче Поле (втор дел)

Чешмата во Трстеник

Чешмата Бабина орма / Бабина дрма

Овчеполските чешми

Реката Брегалница

Реката Таен Рај и дрвениот сплав на змејот

Кога во Пајонија паѓале обилни дождови, златото само излегувало на површина

Биолошката разновидност во сливот на реката Брегалница

Кисела вода – Богословец

Змејот кој го бранел Светиот Град

Народи, раси, јазици
Мистериозен состанок на светската влада во сенка
Роза Луксембург - Кои се зачетоците на први мај? (1894та година)
Македонците сакаат да си останат Македонци, без друг епитет
Бездуховни луѓе - отсуството на духот кај луѓето и присуството на...
Најава од Небесниот Комитет на Подземна Македонија
Македонците и волкот
Само менталниот склоп е границата кон целта (интервју со Владимир Анастасовски)
Документ на ЦИА за ВМРО, 1952 година

4 Comments

Leave a Reply