Thursday, 17 August 2017

Од ‘Образложение за ереста на Богомилите’

Од ‘Образложение за ереста на Богомилите’ на Евтимиј Зигабенски

Според Богомилите добриот Бог и Отец создал безброј хилјади ангели. Како втор след себе си го имал Самаил којшто го имал истиот воншен вид на Бога и бил на трон десно од него. Бил удостоен на второ место по почит, при коешто опијанет и безумно возгордеан, намислил да се отцепи од Бога. И кога еднаж имало удобен случај, тој пробал да ги разбунтува всите небесни сили, подканувајќи, ако сакаат, да го отxфарлjат бремето на службата, да го следват и да востанат против Отецот. За потвержение на казаното те се позовават на притчата по еванѓелието на Лука за несправедливоста на управителот, кој ги намалил задолженијата на должниците. Тој управител бил Самаил и за него била напишана притчата. След това споменатите ангели, подмамени од обештанието за облекчение на тежката служба и од другите големи обештанија (тој им казва: „Ќе го положам престолот си над облаците и ќе бидам cличен на всевишниот.“) минале на негова страна и взеле участие во заговорот. Но штом Бог го открил, ги изxварлил всите вкупом од горе.

Самаил бил во тешко положениe и не можел да седи над водата (зашто земјата била потопена и необликувана). Но бидејќи тој го запазил божјиот лик и одежда, и имал творечка дарба, ги свикал силите и им вдахнал кураж. Тој им казал оти бидејќи Бог го создал небото и земјата, тој като втори бог ќе создаде второ небе и по истиот ред и останалите нешта. И казал: „Нека биде тврдина!“ И станала. „Нека биде това!“ Станало и това. И така станало все. Подигнал второ небе, ја разлачил водата од лицето на земјата и ја собрал во местата коишто ги избрал какошто е писано во книгата на создаванието на светот. Ја украсил земјата и си ја определил за свое живеалиште и за живеалиште на отцепеничките сили. След това го создал телото на Адам од глина, помешана со вода и го поставил изправен. Од него истекла некаква влага од десната му нога и кога изтекла по големиот му парст таа се извила по земјата и така била создадена формата на змијата. Самаил собрал од својот дух и духнал во оформеното тело. Но духот му минал през празното пространство и исто низ десната нога, и кога изтекол низ големиот парст се претворил во извиена капка. Таа веднага оживеала и кога се одвоила од парстот се преобратила во змија и заползила. Затова таја е сообразителна, затова што духот на Самаил и бил вдахнат за душа.

Кога го видел това новиот творец, и разбрал оти напразно се труди, изпратил пратеници при добриот Отец, и посакал тој да му прати своја душа. Притоа обештал оти човекот што сака да го создаде, ако добие живот, ќе биде заеднички и оти од неговото потомство ќе се пополнат местата на паднатите ангели во небесата. И Бог, бидејќи добар, се согласил и вдахнал на создадениот од Самаил човек, дух на животот. Човекот веднага добил жива душа која го осветлила телото и го украсила со многу прелести. Откога по истиот начин ја создал и Ева, и таа блеснала со сличен блесок. Самаил, изполнет со завист се покајал и започнал да смислува зла против собственото си творение. Затова се влејал во внатрешноста на змијата и ја измамил Ева. Се соединил со Ева за таа, кога забременее, неговото семе да го изпревари Адамовото. И да го надвладее и, доколку може, да го поквари и да не му дозволи да се разрастува и размножува. Ева скоро почувствувала родилни болки и од сношението со Самаил го родила Каин и неговата сестра близначка, слична на него, по име Калмена. Адам, по подражание, исто стапил во сношение со Ева и го создал Авел. Него Каин го убил и, со това, го поставил началото на братоубиствените војни. Заради това и апостол Јоан е рекол оти: „Каин беше од лукавиот.“

Но, откога Самаил преку змијата безсрамно ја соблазнил Ева, тој веднага бил лишен од божествениот си лик и одежда, од творечката сила и божественото си прозвиште (зошто до тогај и тој се нарекувал бог). Лишен од всите тие нешта тој станал мрачен и одбивен. Но, добриот Отец со това го укротил гневот и позволил тој да биде господар на това кое го создал след изгонването му од небето.
Това така и стана и Сатанас заповедаше над все. Бидејќи луѓето биле подтискани безпоштедно и биле погубувани жестоко, само малцина отишле на страната на Отецот и се издигнале во редовите на ангелите. Најпосле Отецот разбрал оти е онеправдан и оскорбен. Разбрал оти откога е дал поскапоцениот дел за човекот и го направил најполезното за неговото довершуване, добил ништожен дел од човешкиот род. Едновремено со това бидејки е сожалил душата – своето собствено дихание, која страда така несретно и се гнети, решил да го казни и, през петхилјади и петстотата година, од сердцето си го излачил словото, т.е. Синот-Бог. Казано е: „Сердцето ми излеја благо слово.“ Тогај Словото-Син ги покажа собствените дела: „Аз ги оддавам делата си на царот.“ Заради това и во евангелијата тој е казал: „Ако не ги врша делата на Отецот си, не верувајте во мене.“ Според Богомилите това Слово и Син е Архангел Михаил: „Името му е вестител на голем совет.“

Тој се нарекувал Архангел оти бил побожествен од всите ангели, а Ијесу бидејки лекувал од всекакви болести, а Христон бидејки било помазано телото му. Слегол од небето и се влеал през десното ухо на Девата, и така добил телесен вид, привидно материјален и сличен на човешко тело. … Бил разпнат на крст и божем умрел и возкреснал, но со това само ја завершил сцената и ја симнал маската. Тогај го хванал отстапникот Сатанас, го оковал во тежки вериги и го затворил во тартарот. Тој му ја одвзел додавката “ил“ од името бидејки била ангелска, зашто тој се нарекувал освен Самаил и Сатанаил, и одтогај се наречува Сатанас. Најпосле, одкога ја завршил поверената му задача се вратил при Отецот и седнал оддесно на престолот од кадешто бил изгонет Сатанаил…