Thursday, 20 October 3695

Дојранскиот фронт во текот на Првата светска војна

ww1 zoran rujak dojran front

Историските процеси кои оставиле трага на македонската почва се исклучително силни и богати и опфаќаат широка временска рамка која трае од праисторијата до денешните денови. Атарот на општина Дојран е една од неодминливите точки без која не може да се заокружи мозаикот на историските случувања на оваа подрачје. Историските премрежувања кога на ова подрачје се вкрстуват патиштата на многу интереси се највпечатливи во почетокот на 20-ти век, односно во текот Балканските, а посебно во текот на Првата светска војна, кога оваа подрачје наеднаш добива централна улога во воените збиднувања кои понатаму ќе имаат далекусежни последици за Дојран и неговата околина. Оваа мало рибарско гратче од еден развиен урбан центар со силна трговска и економска инфраструктура ќе ја доеживее својата зла судбина од која никогаш нема да го поврати стариот сјај. Во текот на Првата светска војна на оваа подрачје се протегал дел од главната фронтовска линија на Солунскиот фронт. Од пристапувањето на Бугарија на страна на сојузот на Централните сили во текот на 1915-та год. односно нејзиното влегување во Првата светска војна со стабилизацијата на фронтовската линија во текот на 1916 год. на оваа позиција била стационирана бугарската 9-та плевенска пешадиска дивизија која го бранела подрачјето од реката Вардар на запад до Дојранското езеро на исток…

прочитајте го научниот труд на археологот м-р Зоран Рујак – клик