Monday, 25 September 2017

Мистеријата на Овчеполските Ковчези

Мистеријата на Ковчези (извадок од книгата Овче Поле и градот на Чудотворецот)

…во 293 година римскиот цар Диоклецијан, кој владеел од 284 – 305 г на југ од населбата во Ковчези врз остатоците на старата градба изградил палата, која ја поседувале ќерка му и зет му Галериј. Од оваа палата во Ковчези денес можат да се видат површински остатоци (скали и врата) вдлабени во гранитна стена. Палатата била голема, изградена од гранит, долга 75 и широка 55 метри. Имала облик на четвороаголник. Поради немирните прилики палатата била оградена со високи ѕидишта и кули. Во нејзината средина се наоѓал мал плоштад со столбови. Во близина на палатата бил изграден и мал храм. Во јужниот дел на палатата се наоѓале царските одаи, а во северниот просториите на слугите и војската. Во средината на 4 век христијанството продрело и во оваа населба. Во тој период била изградена базилика во непосредната близина на гранитниот дворец. Во 548 година племињата Авари и Сагудати ја ограбиле населбата. Тогаш била урната палатата и храмот. Многу веројатно е дека дури во овој период името на населбата било најблизу до денешното. Со земјотресот во 11 век, поточно во 1078 година палатата и храмот потполно исчезнале од површината на земјата.

Во вековите подоцна, многу владетели и војски поминале и владееле со Овче Поле и Ковчези, Ефсаполис, односно Астраион – древниот трговски центар на Пеонците – Астраи. Во овој дел од Овчеполието се наоѓаат и Бабин град, Примана, Базар, Димискин…

Лазар Серафимов & Никола Ристевски

види – Ковчези (галерија)

читај – Фељтон за Овче Поле