Sunday, 22 October 2017

Македонската Лоза, Филип и Александар

Од статијата Неколку белешки се гледа дека оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е Македонци, дека Македонија е нивната татковина и дека таа е одделна словенска држава, чие минато е покриено со блесок, особено во времето на Филип и Александар Велики, но во времето на нивните наследници опаднало… Младата дружина под превезот на книжевноста нема за цел реализација и пропаганда на некаков фантастичен фонетски правопис, туку тенденции и цели, кои се куриозни, жални, возмутувачки, срамни и опасни

Како што гледате, Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, дека таа е населена со одделно словенско племе Македонци, дека таму се собрале секакви надворешни елементи, т. е. Бугари, Грци, Срби и други…, дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојнички посегања… За таа цел ќе се послужеле со слободниот капитал што ќе го чувале во Заемоспестовната каса на Македонците… Ќе го подготвувале бугарското општествено мнение за одделување на Македонија од Бугарија и полека-полека ќе воведувале зборови од охридското поднаречје што ќе бил литературен јазик на идната Велика Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на Лоза во својство на Филип или Александар.

Д.Т.Левов, Лоза, СвободаVI/786, Софија 13.04.1892