Monday, 21 August 2017

За долготрајноста и краткотрајноста на животот

За долготрајноста и краткотрајноста на животот

 од Аристотел

Дел Еден

 

Од причини кои доведуваат некои животни да имаат мошне долг, а некои животни краток живот, т.е со еден збор, должината и краткоста на животот побаруваат нивна истрага.

На самиот почеток на нашата истрага  потребно е да се изјави за потешкотиите околу овие прашања. Бидејки сеуште не е јасно, дали во животните и растенијата постои универзална или диверзитетна причина која дејствува на должината на нивниот живот. Во некои случаи растенијата можат да имаат мошне долг живот, додека кај некои тој трае само една година.

Понатаму, дали природната структура, должината и солдината конституција се коинциденции, или краткотрајноста на животот е независна од здравјето. Можеби, во некои случаи и проблеми кога телото е болно, и должината на животот е намалена, и тие мегусебно не се исклучуваат, додека во некои други случаи слабото здравје е перфектно компатибилно со долгиот живот.

Веќе зборувавме за сонот и будењето; за животот и смртта ќе зборуваме подоцна, а исто така и за здравјето и болестите, во смисла се додека припаѓаат на науката за природата, за да се разговара за нив. Но, сега мораме да ги истражиме причините зошто некои животни се подолговечни, а некои не. Откриваме дека овие дистинкции влијаат не само на видовите спротивставени како целини едни спрема други, но се аплицираат исто така и кон сите контрастни групи на индивидуи во самите видови. Како пример за диференцијациите кои се аплицираат во генот, ги давам човекот и коњот (бидејќи човекот живее подолго од коњот), додека во видот човек постојат разлики помеѓу две индивидуи; бидејќи кај човекот некои индивидуи се долговечни, а некои кратковечни, разликувајќи се меѓусебно во однос на различните региони каде што тие живеат.

Расите кои ги населуваат топлите држави имаат подолг живот, а тие кои што живеат на ладна клима живеат пократко време. Исто така постојат слични разлики помеѓу индивидуите кои ја окупираат истата локација.

 

Дел Два

 

Во обид да се најдат премиси за нашата расправа, мораме да одговориме на прашањето, Што е тоа нешто, во природните објекти, што ги прави лесно уништливи, или обратно? Бидејки огнот и водата, или се што е слично на нив, не поседуваат идентични моќи, тие се реципрочни причини за растењето и распаѓањето. Оттаму, сосема е природно да дедуцираме дека се што произлегува од нив или е составено од нив, треба да ја споделува истата природа, и во сите останати случаи каде што предметите  се, како на пример куќа, композитна унија формирана од синтеза на повеке форми.

За други случаи, мора да се даде различнa изјавa.  За многу прашања, нивниот модус на заклучување е понекогаш неизвесен и за самите нив, т.е за знаењето, болеста и здравјето. Од ова произлегува дека дури и медиумите што ги пронаоѓаме во тие модуси, не се уништуваат, туку продолжуваат да постојат; на пример, земете ја терминацијата на игнорирањето, кое e присеќавање или учење, додека знаењето води кон заборавање на наученото, или во грешење.

Но, случајно дезинтеграцијата на природен објект, е придружувана од уништувањето на неговата не-физичка реалност; бидејќи, кога умира животно, неговото здравје или знаење кое е вплотено во него исто така изчезнува. Оттаму, од овие претпоставки можеме да извлечеме заклучок и за душата; бидејќи конституцијата на душата во едно тело не е природна материја, туку повеќе е слична на знаењето што е собрано во неа, би требало да има друг модус на разградување сличен на нејзиниот, а различен на начинот којшто се случува кога телото е уништено. Но, бидејки е евидентно дека душата не признава за ова двојно разградување, таа мора да има друг поглед во однос на унијата со телото.

 

Дел Три

 

Можеби некој, со право би можел да го постави прашањето, дали постои некое место каде самото тоа што е подложно на корупција, може да стане некорумпирано, како што прави огнот кога се разгорува кон повисоките делови над земјата, каде што не наидува на спротивност. Спротивностите се уништуваат едни со други, и оттаму случајно, со нивното уништување, сите атрибути кои им се препишуваат се уништуваат исто така. Но никаква спротивност во вистинска супстанција не може да се уништи случајно, бидејки вистинската супстанца не е одредена во ниеден субјект. Оттаму, нештото кое нема спротивност, или ако е ситуирано каде што нема спротивност, не може да биде уништено. Што би било тоа, што би можело да го уништи, ако уништувањето произлегува само од спротивностите, но не постои негова апсолутна спротивност, или спротивност во одреденото место каде што се наоѓа. Но, можеби во една смисла ова е точно, а во друга не, бидејќи е невозможно,секое нешто што содржи материја, да не би имало во било која смисла спротивност. Топлина и правилност може да се содржи во секој дел од нештото, но невозможно е нештото да биде ништо, освен тоа да биде само топло, бело или правилно; бидејќи, ако е тоа точно, атрибутите би имале сопствена егзистенција. Оттука, ако, во сите случаи, кога активното и пасивното постојат заедно, едното делува, а на другото се делува, така да не би постоела можност да настане промена. Понатаму,ова е така, ако отпадниот продукт е опозитот, а отпадот мора да се произведува цело време; бидејки опозитот е секогаш извор на промената, а отпадната материја е остатокот од претходниот опозит. Но, по отфрлањето на се што е спротивност на природната материја, дали тој објект во овој случај исто така би бил и неуништлив? Не, би бил уништен од средината.

Ако тогаш е така, се она што го кажавме досега доволно би влијаело на промената; но, ако не е така, мораме да претпоставиме дека постои нешто од сосема спротивен карактер што е во објектот што се менува, и се продуцира отпад.

Од овие причини, кога случајно мал оган е консумиран од страна на поголем оган, за да се прошири, да се зголеми чадот, кој на поранешниот оган му требало подолг период  за да се прошири, е побрзо интегриран од страна на големиот пламен.

Од овие причини (исто така) сите ствари во секое време се во состојба на транзиција, и произлегуваат во постоење и уништување. Околината делува врз нив во нивна корист, или антагонистично, и, должејки се на ова, стварите кои ја менуваат својата ситуација стануваат повеќе или помалку издржливи отколку нивната вистинска природа, но тие никогаш не се вечни кога содржат спротивни квалитети; бидејки нивната материја е моментален извор на спротивности, па кога би инволвирало локалност, тие покажуваат промена на ситуацијата, доколку е квантитет, пораст или намалување на големината, а доколку инволвира квалитативни афекции, наоѓаме промена на самиот карактер на стварта.

 

Дел Четири

 

Пронаоѓаме дека супериорниот имунитет од одумирање не е атрибут ни на најголемите животни (коњот има помал животен век отколку човекот) ниту, на тие кои се помали (повеќето инсекти живеат до една година). Ниту, растенијата како целина не се помалку подложни на исчезнување отколку животните (многу растенија се едногодишни), ни топлокрвните животни  имаат такви предиспозиции (бидејки пчелата има подолг животен век од некои топлокрвни животни). Исто така ни бескрвните животни не се најдолговечни (безрбетниците живеат само една година, а се бескрвни), ниту организмите кои ја населуваат почвата (постојат растенија или животни кои ја населуваат почвата, а живеат само една година), ниту жителите на морињата (овде даваме пример со безрбетниците и антроподите, кои се кратковечни).

Генерално кажано, најдолговечните настани се случуваат помеѓу растенијата, т.е околу дрвјата. Следните најдолговечни на листата ги пронаоѓаме повеќе во топлокрвните животни, отколку помеѓу бескрвните, и повеќе во тие кои имаат стапала, отколку жителите на морињата. Оттука, спојувајќи ги овие две карактеристики, најдолговечни се оние топлокрвни животни кои имаат стапала, т.е човекот и слонот. Исто така како факт е генералното правило, дека големите живеат повеќе од помалите, а исто така и другите долговечни животни се поголеми, исто како и тие што веќе ги споменав.

 

Дел Пет

 

Споменатите размислувања можат да ни овозможат да ги разбереме причините за сите овие факти. Мораме да запаметиме дека животните по природа се влажни и топли, и за да живеат мораат да имаат таква конституција, а пак  додека се стари се суви и ладни, и бавно стануваат трупови. Тоа е очигледно за опсервација. Но материјалот кој ги конституира телата на сите ствари се состои од следново – од топло и ладно, од суво и влажно. Оттука, како стареат тие мора да станат посуви, и заради тоа е потребно течноста во нив да не се исуши брзо. Како резултат на ова, објаснуваме дека стварите со ексесивна количина на материја не се толку подложни на распаѓање. Причината е дека тие содржат воздух; оттука воздухот во релација со другите елементи е оган, а огнот никогаш не е подложен на корупција.

Повторно, елементот на влажност во животните не смее да биде со мал квантитет, бидејки малиот квантитет е лесно подложен на сушење. Заради ова, обете, и животните и растенијате што се големи, се, како генерално правило, подлговечни од останатите, како што кажавме претходно; и треба да се очекува дека поголемите треба да содржат повеќе влажност. Но, не е само ова што ги прави подолговечни;  тука случајот добива двојна димезија, да се има познавање, како за квантитетот, така и за квалитетот на течноста. Оттука, течноста не само што треба да биде во голема количина, туку и топла, за да не би можела да биде лесно исушлива или пак лесно да се стврднува.

Заради оваа причина исто така и човекот живее подолго од некои животни кои се поголеми; иако животните живеат подолго и покрај фактот што имаат недостаток во количината на нивната влажност, доколку соодносот на нивната квалитативна супериорност го надминува тој на квантитативниот дефицит.

Во некои суштества топлиот елемент е нивната мрсна супстанца, кои моментално го спречуваат стврднувањето и дехидрацијата; но во други зазема други афинитети. Понатаму, тоа што е дизајнирано да не биде лесно уништливо, не би требало да продуцира отпадни продукти. Било што од таква природа предизвикува смрт, или заради зараза или по одумирање по природен пат, бидејки потенцијалот на отпадниот продукт работи антагонистички и сега ја уништува целата конституција, во случајот делови од телото.

Заради ова расплодните животни, и оние кои се богати со семе стареат побрзо; семето е рецидив, и понатаму, кога се губи, продуцира сувост. Од овие причини, мулињата живеат подолго и од коњот и од магарето од кои произлегуваат, и женките живеат подолго од мажјаците, доколку мажјаците се порасплодни. Според ова досега, и машките ластовици имаат пократок живот  од женките. Повторно мажјаците, кои се субјектирани кон тешка работа, се пократковечни и стареат многу побрзо, благодарение на тешката работа;тешката работа произведува сувост ,а и староста е посува. Но, по природната конституција и како генерално правило мажјаците живеат подолго од женките, а причината за ова е дека мажјакот е животно со поголема топлина отколку женката.

Ист вид на животни е подолговечен во топли отколку во ладни клими од истата причина, доколку сметаме дека се од поголем облик. Големината на животно со ладна конституција го илустрира ова прилично добро, и од овие причини змиите и влекачите и рептилите се со голем облик во топли локации, исто така како што се едноклеточните организми во Црвеното Море: топлата влажност во тој регион е главната причина еднакво за нивната подобрена големина и продолжениот живот. Но, во ладните земји, влажноста на животните е повеќе од влажна природа, и заради тоа е неизоставно во потврда состојба. Како резултат на ова, се случува животните со малку или воопшто без крв, да бидат помалку застапени или воопшто да ги нема во северните краишта (обете животни со стапала и водните суштества на кои дом им е морето), или, кога тие би постоеле, би билепомали, и би имале пократок живот; бидејки мразот делува превентивно на растот.

И растенијата и животните би изумреле доколку не се хранат, и во тој случај би започнале да се консумираат себеси;  исто како и големиот оган го консумира и го разгорува помалиот, употребувајки ја неговата сила како гориво, така да природната топлина која е примарната причина за дигестија, го консумира материјалот каде што самата е лоцирана.

Водните животни имаат пократок живот, отколку терестијалните животни, но, не стриктно бидејки се повлажни, туку бидејки се со поголема количина на вода, а водената влажност е полесно подложна на уништување, бидејки е ладна и во потврда состојба. Од истата причина , животните без крв, исчезнуваат побрзо, доколку не се заштитени од големиот облик, бидејки немаат ни дебелината ни шеќери во нив да ги штитат. Во животните салото е слатко, и заради ова пчелата која се храни со тоа е подолговечна од животните со поголем облик.

 

Дел Шест

 

Помеѓу растенијата ги пронаоѓаме подолговечните форми, повеќе отколку во животните, бидејки, најпрво, тие се со помал процент на вода, и заради тие причини, и помалку подложни на мрзнење. Понатаму тие имаат мрснотија и вискозност кои им овозможуваат да ја зарджат нивната влажност во форма, која не се суши брзо, иако тие се суви и земјени конструкции.

Но, мораме да ја откриеме причината зошто дрвјата се со поиздржлива конституција, што е чудно за нив, а таа конституција не се пронаоѓа во ниедно друго животно, освен во инсектите.

Растенијата постојано се обновуваат и од тие причини живеат подолго. Нови гранки растат континуирано, а останатите стареат, а истото се случува и со корените. Но, двата процеса не настануваат истовремено. Повозможно е, во еден временски период стеблото и гранките да изумираат, а нови да раснат покрај нив, но сево ова се случува откако новите корени ќе изртат од останатиот дел од растението. Како резултат на ова продолжува, еден дел да изумира, а другиот да израснува, и заради ова растението живее долго време.

Постои сличност, како што беше досега изложено, помеѓу растенијата и инсектите, бидејки и тие и тие живеат, и покрај фактот што се различни како индивидуи, но неколку или повеке од нив,  можеби имаат нешто преземено од целината. Инсектите, на било кој начин, иако успеваат да преживуваат, не можат тоа да го прават долго, бидејки тие не поседуваат органи; ни постојниот фундамент во секој од одделните делови да не може да создаде органи.Но, во случајот со растенијата, тоа може да се случи; секој дел од растението содржи потенцијален корен или стебло. Оттука, од овој извор се продолжува растењето, кога еден дел се обновува, а другиот остарува; тоа е практично – случај на продолженост. Земањето гранка овозможува слична инстанца, бидејки можеме да кажеме дека, на некој начин, кога земаме гранка се случува истиот резултат. Исечената гранка е сеуште дел од растението. Како резултат, со одземањето гранки оваа перпетуалност на животот се случува иако нивната форма на поврзување со растението е отсечена, но во претходниот случај, континуитетот е тој што е оперативен. Причината за ова, е принципот на живот кој потенцијално припаѓа во секој дел од растението.

Идентичен феномен може да се пронајде во обете растенија и животни. Кај животните, мажјаците се, генерално, подогловечни. Нивните горни делови од телото се поголеми од подолните (мажјаците се повеќе градени набиени, отколку женките), а во погорните делови топлината е позастапена, отколку во подолните каде што е сместено студенилото. Исто и кај растенијата, тие со поголеми глави се подолговечни, и повеќето од нив не се едногодишни, туку се дрвја, бидејки корени се главата и се погорни делови од телото, а кај едногодишните, растот е повеке во насока на долниот дел од телото и во плодот.

Како и да е, овие работи,ке бидат повеќе истражени во делото “За Растенијата”. Но, ова сепак е наш извештај за причините кои доведуваат до долговечноста и кратковечноста кај животните. Останува на нас да ги дискутираме младоста и староста, и животот и смртта. За да дојдеме до дефинитивно разбирање околу овие работи, и да го комплетираме нашиот пат за проучување на животните.