Густа шума и богати села со многу народ во Овче Поле

Првите сознанија за шумите на територијата на Македонија ги среќаваме кај познатиот турски патеписец и историчар Евлија Челебија. Тој во своите патеписи, минувајќи низ Овчеполието, запишал дека кога минувал со карванот крај Килисали имал потреба да изнајмува луѓе од месното население кои ги кастреле шумите за караванот непречено да помине.

op

Во тоа време Овче Поле, но и цела Македонија билe богати со шуми кои за жал денес ги нема.

Евлија Челеби на два пати поминал околу денешно Свети Николе. Во својот патепис зборува за две населби – Овче Поле и Килисали (населба покрај црква или црквино).

Овче Поле се наоѓа во едно плодно поле, а се состои од седумдесет куќи. Има џамија и амам, и е многу напредно село. Тоа е вакав на Орта џамија, која се наоѓа во Yeni – Odalar, Истанбул.

Румелијските органи на власта немаат никаква власт во тоа место, ниту воопшто можат да се мешаат во управата на селото. Целата власт, правото на бесење и убивање, наплатување на глоби и казни е во рацете на неговиот мутевелија. Тој управува со тие села со двесте луѓе.

Потоа го пројдовме селото Килисали и Беширли, па преноќивме во селото Кара-Османли. И тоа село припаѓа на вакавот на Орта-џамија. Тоа исто така е јуручко село.

Одејќи понатаму во југоисточен правец, поминавме голема населба по име Хамза-бекли.

Потоа поминавме низ селото Хизир-факили, кое исто така спаѓа во селата на нахијата Овче Поле. Има еден ан и џамија, тоа е развиено село. Движејќи се напред, дојдовме во градот Штип.

Evlija Celebi Ovce Pole Patepis

Понатаму одевме 6 часа, повторно кон исток, и пројдовме многу добро населени и богати села. Ова село и селата кои се наоѓаат во неговата околина се нарекуваат Овче Поле…

Ovce Pole Evlija Celebi

извор:

evlija celebi

превод – Никола Ристевски

2 Comments

  • […] Густа шума и богати села со многу народ […]

  • […] види – Густа шума и богати села со многу народ […]

Leave a Reply