Sunday, 19 October 5180

Херметизмот во Византија и западна Eвропа

Неоплатонизмот, барем неговиот номинален вид изгледа дека опстанал во Византиското Царство, а ова било обновено во она што се нарекува византиска ренесанса од 11 век. Нејзината водечка неоплатонистичка фигура, Псел, очигледно се интересирал за херметичката философија и магија. Професорот Зервос, научник од 20 век, има напишано:

Ние не знаеме колку дела составил Псел за херметичка литература. Единственото останато е една глоса за Поимандрес … Откако посочува на влијанието од Книгата Битие врз создавањето на космогониските доктрини на Поимандрес. Псел потврдува дека сите хеленски концепции за Бога се под влијание на источни модели. Тој ја оправдува оваа надмоќност на истокот врз грчката философија, укажувајќи дека Порфириј (неоплатонист од 3ти век од новата ера) заминал кај еден египетски свештеник, Анебон, со цел да се здобие со сознанија за првата причина.

Тука можеме да ја согледаме хиерархијата – Библијата, египетска и ориентална мудрост, и Грција, со интерес фокусиран кон Египет и Ориентот. Делата на Псел биле сочувани од неволјите во Константинопол во текот на последните 400 години од византиското царство.

 

– од ЦРНА АТЕНА, Мартин Бернал, Табернакул 2009