Monday, 23 October 2017

Македонска Програма, природни и етнички граници – главен град Солун

Луѓето што не и сакаат добро на македонската кауза како и повеќе весници што и служат на турската влада, на македонските комитети им припишаа националистички стремежи или им префрлија дека работат за приклучување на нивната татковина кон Бугарија. За да ги демантираме овие систематски обвинувања, чија цел е да ги оддалечат од нашата кауза симпатиите на благородните луѓе од Европа, кои ги револтираат свирепостите извршени во Македонија, овде го објавуваме интегралниот проект на реформите изгласан на третиот Македонски конгрес во Софија, проектот кој не остава каков и да е сомнеж за целта на Македонската организација. Текстот гласи:

1) Формирање на провинција со главен град Солун, во која ќе влезат веќе постојните вилаети: Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот, во долунаведените граници:

Граничната линија на провинцијата ќе поаѓа од српската граница кај Врање, ќе ги следи северозападните граници на Прешевската, Кумановската, Качаничката и Тетовската каза, ќе оди по гребенот на Карадак и по врвот Љуботен на гребенот на Шара, ќе стигне до Кораб, највисоката точка на планината Дешат; од Кораб, линијата ќе оди по долината на Велештица, почнувајќи во селото Радомир па до утоката на истата река во Црн Дрим; од таа точка ќе го следи талвегот на Дрим до селото Ндрет и оттаму, допирајќи ги западните граници на Охридската и Корчанската каза до врвот на Грамос, ќе се совпаѓа со јужните граници на Костурската, Кајларската, Воденската и Караферијската каза, до точката каде што таа линија се вкрстува со реката Бистрица; од таа точка ќе го следи нејзиниот тек до Егејско Море, а потоа ќе сврти по морскиот брег и ќе го опфати Халкидик, ќе стигне до утоката на Места (Карасу). Оттаму, границата на провинцијата ќе ја следи истата река до поројот во близината на селото Радибошт, од каде, следејќи го истиот порој спротивно на течењето, ќе стигне до границата на Источна Румелија и оттаму ќе ги следи границите на Кнежевството Бугарија и на Кралството Србија.

Ова територијално групирање не само што не е во противречност со тоа што Турција се обидуваше да го стори досега, туку во суштинските делови речиси претставува повторно воспоставување на некогашното административно групирање на Македонија од етнографски и географски аспект и е во согласност со мислењето што преовлада на Конференцијата во Цариград во 1876 година (в. II протокол, седница од 16/28 декември 1876 година), како и со духот на Берлинскиот договор (в. XIII протокол од Берлинскиот конгрес). Станува збор за духот  што секогаш ја водел европската дипломатија за постигнување на мирољубиво решение на Источното прашање.

 

LE MOUVEMENT MACEDONIEN

Нова Македонија: Ретко кој наш лекар знае за моргелона
МИА: Посетата на Слим ја става Македонија на светската мапа на земји добри за инвестиции
Европа
Химна на ослободениот оган
Верувањата кај македонскиот народ за постоење на три света
Кичевскиот манастир
Антички накит во Македонија (е-книга)
Не се ниту влијателни, моќни, убави и умни за сами да можат да повлечат толкав број на гласови (инте...
Јад - македонски филм од 1975
Првата Македонска езотериска книга во аудио верзија