Wednesday, 19 October 5527

Македонија и Евреите / Macedonia and the Jewish people

.

Кога зборуваме за конкретна историска врска меѓу Македонија и еврејската нација, не би можеле да си дозволиме а да не ја споменеме легендарната историска епизода на Александар Македонски кај ѕидовите на библискиот Ерусалим. Ова е епизода која ја знае секое еврејско дете и е вклучена во секоја книга од античката историја на Евреите, како и во генералната историја.

Во секој случај, Александар Македонски е еден од неколкуте херои во светската историја кој се здобил со епитетот “Голем” (Велики). Дали ова му било подарено поради неговите успешни воени кампањи или брилијантните квалитети што ги поседува како војсководец и државник?

Како што ги пролистуваме пожолтените страници низ историјата, кои ни го покажуваат овој величествен период од македонската историја, природно наидуваме на друг заклучок: имено дека Александар Македонски беше признат како голем човек најпрво поради неговото човечко и благородно однесување кон неговиот народ и другите, кон пријатели и непријатели, кон неговите сојузници и нациите што ги освоил.Тој беше Голем поради неговиот возвишен човечки идеал, кој го насочи кон неговите скриени соништа –  да освојува и владее, но не и да ограбува и уништува, да ги обединува оние кои биле разделени од непријатели со бесмислена омраза и да се справува со границите кои ги разделиле нив, да гради нов, хуман свет со човечки принципи на слобода, еднаквост и разбирање. Делата на Александар Македонски се непобитен доказ на неговите длабоко подржани идеали. Историјата на сите нации со кои тој завладеа за време на неговата огромна кампања да стигне до “работ на светот” објективно ја нагласува невообичаената искрена великодушност на овој голем македонски владетел, неговото слободно однесување и почит кон неговите обичаи и верувања и неговите напори да ја унапреди економската благосостојба, образование и напредок.

Историјата на на еврејската нација секако не е исклучок  во овој поглед. Напротив, еврејскиот народ бил близок со неговите сурово омразени бројни непријатели и со оние кои го приклештија  на дивјачкиот раб  во текот на илјадници години постоење, Александар Македонски  како таква ја плати цената на вниманието и почитта, потоа ги заслужи. Но овоа не се, во своето дело Еврејска Историја, големиот историски С.М. Дубнов, го опишува периодот кога Јудеја била под македонска власт, пишувајќи:

“…На ова историско патување еврејската нација се судри со скоро сите овие народи кои играа важна улога во светската историја.Три века пред раѓањето на Христос, тие се сретнаа првпат со културната моќ на класичниот Запад – Грчка култура (преку Александар Македонски) и нешто подоцна Римската култура исто така.Од тогаш наваму, Израел, Грција и Рим, иако доста различни по карактер, се надополнуваат меѓусебно и нивните заеднички врски влијаеа на судбината на човештвото, Јудеја беше повикана да му даде религија на човештвото. Грција обезбеди филозофија и уметност, а Рим му ги даде на светот своите правни и државни системи. Александар Македонски кој ја основал својата огромна империја која припаѓала  на три области од светот, бил првиот кој го донел благородното семе од грчкото образование на почвата на Истокот. Контактите на Истокот со грчката култура, исто како и големиот поттик кој тие го дадоа на духовниот развиток на државите од империјата на Александар, беа обврзани да влијаат на Јудеја, која се приклучи на империјата по падот на Персија. Промената не само што влијаеше на политичкиот развој на еврејската нација  –  исто така влијаеше на внатрешниот развој и навиките и обичаите…” (Од Еврејска Историја од Др. Бек и Др. Бан, ревидирана од С.М. Дубнов, дел II, поглавје I,страна 52, издадена во Софија во 1922).

Александар Македонски дојде на тронот на возраст помала од дваесет години, по трагичната смрт на неговиот татко, Филип II. Младиот македонски владетел беше добро подготвен за висока функција. Благодарение на неговиот здрав разум и зрелост, тој го замени неговиот татко на возраст од седумнаесет години кога тој беше отсутен и дури бил во команда на победоносната битка против соседна Тракија. Александар Велики бил многу култивиран човек, екстремно компетентен во полето на филозофијата, уметноста, економијата и воената стратегија. Ова возвишение било благодарност на неговиот учител и тутор , познатиот филозоф Аристотел, кој посветил седум години од неговиот живот на својот ученик и го инспирирал со духовно и интелектуално богатство во времето кога Хеленската култура била во својот најголем цут.

Над сè, Александар Македонски бил храбар војсководец, способен државник и вешт дипломат. Од неговиот татко тој наследил не само воспоставена воена и политичка хегемонија преку целиот Балкански Полуостров, но исто така и неговиот одличен план да ги анексира сите соседни држави и да ги стави под македонската круна. Младиот Македонски Император  бил доволно перцептивен да разбере дека реализацијата на неговиот голем план била невозможна без ликвидација на енормната персиска држава.

За две  последователни години Александар внимателно го испланирал својот напад против моќната Персија. За време на 334п.н.е. тој го превземал првиот чекор кој бил толку храбар што се граничел со лудоста. Александар на располагање имал мала армија од 30.000 пешадија и 5.000 коњаници, но тоа било експертски тренирана војска, добро наоружана и дисциплинирана. Персијската војска под команда на Дариј Трети, имала милион луѓе, но била слабо организирана, лошо вооружена и расфрлана низ огромните пространства на персиската империја.

Оригиналниот план на Александар бил да ослободи различни Грчки градови во Мала Азија под персиска власт. За времето на двете големи битки кај Граник и Ис, Персиската војска била уништена и Дариј Трети морал да побегне заради своја безбедност. Од овде Александар се упатил кон Гиза, отварајќи си го патот кон Египет. Големата Персиска монархија, којашто ја покривала Мала Азија и која сега е позната како Блискиот Исток била уништена засекогаш.

Историјата ни раскажува дека при неговото враќање од Египет, каде што бил примен со големо воодушевување и прогласен за син на богот Амон, Александар Македонски одлучил да го окупира Израел. По поразот на Персијците кај Ис, Самарјанците побрзале да му се потчинат на  македонскиот великан кој ја прифати својата улога без отпор.

Владетелите на Јудеја, како и да е, се чувствувале обврзани од заклетвата на лојалност со која се заветиле пред персиската империја, што одбија да го сторат ова. Нивното одбивање го разбесни Александар и тој одлучи да ги казни, насочувајќи ја својата војска кон Ерусалим. Ова доведе до легендарната епизода која што се појави пред древните ѕидови на бесмртниот Еврејски главен град.

Загрижените Евреи побрзаа да испратат безброј делегации на нивните водачи и свештеници за да го смират разбеснетиот Александар. Тие го чекале надвор од ѕидовите на градот, под водство на главниот свештеник Џаду, “ сите облечени во прекрасна црквена облека со запалени факели во рацете”.

Легендата ни кажува дека кога Александар Македонски се појавил пред водачите и свештениците кои го чекале, се случило чудо. Тој ненадејно го запрел коњот и на вчудоневиденост на неговите командери, се спуштил низ планината, отишол пред големиот свештеник Џаду и клекнал пред него. Немало ни трага од неговиот поранешен гнев.

Еден командант, Парменион, неможеше да издржи а да не го праша Императорот “зошто вашиот гнев го претворивте во милост” кон непослушните Евреи.

“Вие сте најголемиот император на Земјата” – рече Парменион. “Зошто се понижувате себеси клечејќи пред овој стар Евреин”?

Не посветувајќи внимание на тоа, Александар Македонски ја зеде раката на големиот свештеник и рече :

“Кога бев во Македонија сонувајќи за освојувањето на Азија, чуден дух се појави во мојот сон, а во голема мера личеше на овој врховен свештеник. Тој проповедаше дека нема потреба да се плашам во врска со мојата битка и дека ќе заврши со слава и големи победи. Кога го видов овој еврејски свештеник се сетив на мојот сон. Еве зошто сакам да бидам милостив и великодушен кон нацијата предводена од овој Божји слуга…” ( oд Еврејска Историја, страна 55).

Легендата вели дека Александар Македонски го зел стариот, сивокос, свештеник под рака и одел покрај него до Ерусалим, не како освојувач, туку како најверен пријател “ да понуди жртва на израелскиот Бог на храмот.” Следниот ден тој им најави на еврејските водачи дека ќе замине и ќе ги остави слободно да си ја водат својата земја, носејќи ги верските костуми, во согласност со законите и верувањата.

Во Еврејската Историја се раскажува (глава 28, страна 54):

“Александар Македонски верувал дека била негова должност да ги обедини Истокот и Западот. Тој несакал да ги присилува освоените нации да ја прифатат неговата понуда, ги почитувал нивните религии и се што им било свето.Тој се однесувал вака со Евреите се додека престојувал во Ерусалим. Александар сакал негова слика да биде ставена во ерусалимскиот храм, но свештеникот ја одбил неговата желба бидејќи била несоодветна со законите на еврејската вера. Тој мудро му рекол дека Евреите ќе се сеќаваат на неговото дело подолго од нивните животи, бидејќи сите машки деца родени во Јудеја таа година ќе го носат името Александар (и девојчињата би се викале Александра, – забелешка на авторот) во чест на големиот освојувач. Императорот бил неизмерно задоволен и им дал на Евреите поголеми привилегии. Александар претходно имал ветено да им ги приушти истите привилегии на Евреите во Персија и Бабилон. Се додека се работело за правата на граѓаните, тој им ги дал истите права на Евреите, како и на Грците со тоа поставувајќи ги темелите на Грчко-Јудејската цивилизација, центарот на  кој многу векови беше градот Александрија, кој тој самиот го формира. Јудеја самата се приклучи во провинцијата Келисирија (Јужна Сирија), каде што намесникот на Императорот Андромекус…”

*

Сите натамошни коментари се излишни. Од сè на светот е појасен, поконкретен и уште понепобитен конечниот збор на историјата и бесмртните историски факти.