Monday, 21 August 2017

Се реновира Ѓуришкиот манастир (фото)

По многу години, се реновира манастирот Света Богородица во Ѓуриште, Овче Поле. Веќе е изградена новата купола, со што црквата го враќа автентичниот изглед кој го имала пред векови. Обновена е фасадата, извршени се заштитни мерки за превенција од влага, а во внатрешноста веќе се сликаат новите фрески. Новата зграда со конаци наскоро ќе биде пуштена во употреба, а овие активности ги помагаат повеќе добронамерни граѓани и фирми, кои на различни начини допринесуваат за побрзо и поквалитетно завршување на работата. Овчеполци, но и посетителите од цела Македонија се радуваат на градежните работи, но и се надеваат дека државата нема да го продаде одмаралиштето кое се наоѓа во непосредна близина на манастирот, и дека истото повторно ќе биде вратено во сопственост на народот – како што и било порано. Возвишението Ѓуриште е познато како воздушна бања, каде што луѓето можат да се лекуваат, а учениците и пензионерите да одмараат за време на летните горештини. Старите Овчеполци сеуште ја паметат и градината на дедо Варадин карши манастирот, каде што пред децении му помагале на стариот чувар…

DSC09987 DSC09988 DSC09989 DSC09990 DSC09991 DSC09992 13530406_1456895527669414_948709692_n 13550900_1456895427669424_828050035_n 13552582_1456897084335925_930494493_n 13563458_1456893704336263_283471847_n

текст – Никола Ристевски

фотографии – Јован Велковски & Никола Ристевски

 

читајте:

Ѓуришки манастир (1933 година)

Златниот накит со двоглав орел од Ѓуришкиот манастир

Од кога постои Ѓуришкиот манастир?

Отворен прозорец кон Овче Поле

Воздушната бања Ѓуриште

Долно и Горно Градиште (Ѓуриште)

Што сè крие Ѓуриште?

dedo Varadin дедо Варадин